Корисни информации [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Корисни информации

Сите судови според позитивните законски прописи во Република Македонија имаат период во годината во кој вработените ги користат годишните одмори кој е од 15 јули до 15 август. Во тој период не се одржуваат судења со исклучок на итни предмети.

За остварување на правата на странките се поднесуваат тужби, барања, предлози и претставки исклучиво во писмена форма во приемното одделение на судот. Не се примаат e-mail пораки, СМС пораки, усни искази и слично.

Доколку имате потреба да дојдете во судот за да остварите или заштитите некое свое право или сте повикани да дојдете во судот со судска покана потребно е да внимавате на следните работи:

  • - При влегување во судот треба да се пријавите кај судската полиција која е на влезот на судот и да почекате да ве упатат.
  • - При доаѓање во судот потребно е да носите лична карта или пасош за идентификација.
  • - Во судот е забрането влегување на странки со оружје. Доколку странката има дозвола за носење оружје, тогаш оружјето треба да го остави кај судската полиција пред да влезе во внатрешните простории на судот. При излегување од судот странката повторно си го подига оружјето од судската полиција.
  • - Во сите простории од судот е забрането пушење и пиење алкохол.
  • - Забрането е влегување со непристојна облека
  • - При влегување во судница на рочиште, странките задолжително треба да ги исклучат сопствените мобилни телефони.

За апостиле печат е потребно:

  1. Оригинал документи на кои треба да се стави апостиле печат
  2. фотокопија од документите на кои треба да се стави апостиле печат
  3. лична карта за увид
  4. фотокопија од лична карта
  5. пополнето барање за заверка со апостиле печат
  6. уплатница од 300 денари за судска такса

За поведување на оставинска постапка е потребно:

  1. Пополнето барање за поведување на оставинска постапка
  2. смртовница од покојникот
  3. документи за имот за наследување
  4. уплатница од 480 денари за судска такса
  5. документ за идентификација на барателот

 

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести

  • Ранг листа од административна селекција за Оглас бр.1/2018

    Новости  | 18.1.2019
    Објавена е Листа на неуредни кандидати, Листа на уредни кандидати, Ранг листата на кандидати кои ја поминале административната селекција и Листа на кандидати за кои постапката за селекција завршила за Оглас бр.1/2018 за вработување на еден судски службеник - звање од категорија Г, ниво Г1 Самостоен референт на работно место сметководител. [повеќе]
  • Ранг листа на високообразовни институции

    Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 15.1.2019
    Во врска со објавениот оглас бр. 01/2018 на Основен суд Свети Николе , а согласно чл.9 ст.2 од Правилникот објавен во Службен весник бр. 236 од 24.12.2018 година, ги објавуваме ранг листите на високообразовните установи во РМ и надвор од РМ. [повеќе]
  • Оглас за вработување на судски службеник - сметководител

    Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  | 28.12.2018
    Објавен е оглас за вработување на еден судски службеник - самостоен референт, на работно место сметководител. Огласот е објавен во дневните весници Слободен печат и Лајм на 28.12.2018 година. Кандидатите можат да се пријават на огласот во рок од 15 дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници. Јавниот оглас е следниот: [повеќе]

Сите вести