Интерен оглас за вработување [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интерен оглас за вработување

 |  Aug 16, 2022

Интерен оглас за вработување

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД СВЕТИ НИКОЛЕ

СУ.04 бр.140/22

16.08.2022 година

СВЕТИ НИКОЛЕ

 

Врз основа на чл. 20 ст.1 алинеа 2, член 39 и чл 40 од Законот за судска служба (Сл.весник на Р.С.М бр.43/14,98/15,33/15,06/16,198/18 и 248/18) и од Правилникот на формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на Р.С.М бр. 275/20), како и Согласност од РСМ Судски Буџетски совет бр.08-766/5 од 28.07.2022 година, Основниот суд Свети Николе на ден 16.08.2022 објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/2022

За унапредување на судски службеници

во Основен суд Свети Николе

 

Се распишува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) судски службеници за следните работни места:

 

1. Ниво В1, шифра СУД0101В01001, Судски советник-1 извршител,

Посебни услови:

- Степен и вид на образование: Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет и положен правосуден испит.

- Работно искуство: Најмалку три години работно искуство во струката

- Посебни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчести користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски),

  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- Нето плата: 28.639,00 денари

- Работни часови: 40 часа неделно

- Дневното и неделното работно време е од 7,30 часот до 15,30 часот, од понеделник до петок.

 

2. Ниво Г1, шифра СУД0101Г01001, Самостоен судски референт – извршител во писарница-1 извршител,

Посебни услови:

- Степен и вид на образование: Најмалку вишо или средно образование

- Работно искуство: Најмалку три години работно искуство во струката

- Посебни работни компетенции:

  • Активно познавање на еден од трите најчести користени јазици во Европската унија (англиски, француски и германски),

  • Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

- Нето плата: 19.139 денари

- Работни часови: 40 часа неделно

- Дневното и неделното работно време е од 7,30 часот до 15,30 часот, од понеделник до петок.

 

На интерниот оглас може да се јави судски службеник вработен во Основен суд Свети Николе, кој ги исполува посебните услови за полнување на работното место пропишани за соодветното ниво со Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Свети Николе како и условите предвидени согласно член 39 став 5 од Законот за судска служба и тоа:

  • да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,

  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

  • да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден,

  • да не му е изречена дисиплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

 

Кандидатите се должни да поднесат пријава за унапредување и докази за исполнување на посебните услови за работното место, како и условите определени согласно член 39 став 5 од Законот за судска служба, во оригинал или копија заверена на нотар.

 

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат во скенирана форма и следните докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки како посетител/обучувач, не постари од 5 години или

  • потврди за успешно реализирано менторство, како ментор/менториран.

 

Во пријавата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот, тековно работно место, ниво, звање и работно искуство на пријавениот кандидат, како и податоци во врска со член 39 став 5 од Законото за судска служба.

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на веб страницата на судот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат деека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. Кандидатот кој внесол лажни податоци во пријавата или се утврди дена внесол лажани податоци, се дискфалификува од натамошна постапка.

Пријавата со доказите, кандидатите се должни да ја достават преку приемна писарница на Основен суд Свети Николе до Комисијата за селекција за унапредување истата може да се најде електронски на интернет страницата на судот или да се подигне лично во просториите на судот.

Времето и датумот на одржување на административна селекција и интервјуто ќе бидат објавени на веб страната на судот.

 

 

ОСНОВЕН СУД СВЕТИ НИКОЛЕ

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_