Правила при влегување во суд
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Правила при влегување во суд
Announcements, News, Press realeses
|
Mar 11, 2020
Почитувани, ве известуваме дека Основен суд Свети Николе ги превзема сите мерки кои се во негова можност да се спречи пренесувањето на корона вирусот во просториите на судот.
Затоа за влез во судот задолжително е:
- носење на заштитна маска
- носење на заштитни ракавици
- дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција при влез во судот
- пријавување кај судската полиција при влез во судот и точно следење на упатствата за движење во судот кои ќе ги добиете од нив
- без непотребни задржувања во судот
- одржување дистанца помеѓу луѓето од најмалку 2 метра
- без непотребни допирања на предмети
Со придржување кон горенаведените мерки си помагате на себеси и на другите околу вас.