Оглас за вработување на судски службеник - сметководител [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за вработување на судски службеник - сметководител

Известувања, Новости, Соопштенија за јавност  |  28.12.2018
Објавен е оглас за вработување на еден судски службеник - самостоен референт, на работно место сметководител. Огласот е објавен во дневните весници Слободен печат и Лајм на 28.12.2018 година. Кандидатите можат да се пријават на огласот во рок од 15 дена сметано од денот на објавување на огласот во дневните весници. Јавниот оглас е следниот:

Врз основа на член 25 од Законот за судска служба(Сл.весник на РМ бр.43/14) и член 5 Закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.198/18), Основен суд Свети Николе, објавува

 

Ј А В Е Н О Г Л А С бр.1/2018

За вработување на еден судски службеник во Основен суд Свети Николе на

неопределено време за следното работно место

 

Звање од категорија Г, ниво Г1 Самостоен референт, работно место сметководител, број на извршители1(еден)

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови утврдени во Законот за судска служба и тоа:

    • да е државјанин на Република Македонија

    • активно да го користи македонскиот јазик

    • да е полнолетен

    • да има општа здравствена способност

    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

Покрај општите услови за вработување, кандидатите треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места во Основен суд Свети Николе и тоа:

 

    • Најмалку вишо или средно образование од економска струка или друга соодветна област

    • Најмалку 3 години работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), со соодветен степен на познавање согласно со член 12 став 4 од Законот за судска служба

Пријава за вработување на судски службеник може да се подигне од архивата во Основен суд Свети Николе или на веб страната на Основен суд Свети Николе, а образецот на Пријавата за вработување е дадена во Прилог кој е составен дел на Правилник за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од катрегориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Службен весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018 година).

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошната постапка.

Пополнетата пријава во писмена форма се доставува во рок од 15 дена од денот на објавување на огласот.

Кандидатите се должни пријавата да ја достават непосредно во архивата на судот или по пошта до Основен суд Свети Николе, ул.23 Октомври бб Свети Николе, а кон пријавата да бидат доставени докази од член 3 став 3 од Правилник за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојност на докази и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од катрегориите на работни места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Службен весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018 година).

Кандидатите кои се уредно пријавени на огласот ќе се известат за одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто на интернет страницата на Основен суд Свети Николе.

 

Основен суд Свети Николе

 

До Пријавата за вработување и базата на испитни прашања за вработувањето можете да пристапите преку линкот Пријава и материјали во врска со оглас за вработување од 28.12.2018

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_