Одбележување на европски ден на правда 2022 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одбележување на европски ден на правда 2022

Известувања, Изјави, Настани, Соопштенија за јавност  |  25.10.2022
⚖️ По повод 25-ти Октомври, Европскиот ден на правдата, кој секоја година се одбележува во сите држави во Европа, студентите од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе и учениците од СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе имаа можност да се запознаат со работата на Основниот Суд Свети Николе, да се запознаат со нивните основни права од повеќе области и да ги разгледаат просториите и судниците во Основен суд Свети Николе. 
 
Европскиот ден на правдата се одбележува со цел правдата да се доближи до граѓаните и поширокaта јавност и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување, односно да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области (семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право), како и со функционирањето на системот на правосудство во поширока смисла (пристап до правда, медијација, извршување на судски одлуки).
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_