Јавен оглас бр.1/2023 За вработување на судски службеници во Основен суд Свети Николе на неопределено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.1/2023 За вработување на судски службеници во Основен суд Свети Николе на неопределено време

Известувања, Новости  |  31.8.2023

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ОСНОВЕН СУД СВЕТИ НИКОЛЕ

Су 04 бр.108/23

30.08.2023 година

Свети Николе

 

Врз основа на член 25 од Законот за судска служба(Сл.весник на РМ бр.43/14) и член 5 Закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.198/18), Основен суд Свети Николе, објавува

 

 

Ј А В Е Н О Г Л А С бр.1/2023

За вработување на еден судски службеник во Основен суд Свети Николе на

неопределено време за следното работно место

 

 

1. Звање од категорија Г, ниво Г1 Самостоен судски референт, работно место извршител во писарница, број на извршители1(еден)

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови утврдени во член 21 став 1 од Законот за судска служба и тоа:

    • да е државјанин на Република Македонија (уверение за државјанство не постаро од 6 месеци)

    • активно да го користи македонскиот јазик

    • да е полнолетен

    • да има општа здравствена способност ( лекарско уверение не постаро од 6 месеци)

    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

Покрај општите услови за вработување, кандидатите треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места во Основен суд Свети Николе и тоа:

 

    • Најмалку вишо или средно образование од соодветна област

    • Најмалку 3 години работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), со соодветен степен на познавање согласно со член 12 став 2 точка 4 од Законот за судска служба

Предвидената основна нето плата за наведеното работно место: 24.247,00 денари; Работни часови неделно:40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот; Работни денови: од понеделник до петок, времетраење на работниот однос е неопределено.

2. Звање од категорија Г, ниво Г3 Судски референт, работно место дактилограф, број на извршители1(еден)

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови утврдени во Законот за судска служба и тоа:

    • да е државјанин на Република Македонија (уверение за државјанство не постаро од 6 месеци)

    • активно да го користи македонскиот јазик

    • да е полнолетен

    • да има општа здравствена способност ( лекарско уверение не постаро од 6 месеци)

    • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

 

Покрај општите услови за вработување, кандидатите треба да ги исполнуваат и посебните услови предвидени во Законот за судска служба и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места во Основен суд Свети Николе и тоа:

 

    • Најмалку вишо или средно образование од соодветна област

    • Најмалку 1 година работно искуство во струката

- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, други посебни работни компетенции утврдени во актот за систематизација на работни места за соодветното работно место, како и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски), со соодветен степен на познавање согласно со член 12 став 2 точка 4 од Законот за судска служба

Предвидената основна нето плата за наведеното работно место: 22.079,00 денари; Работни часови неделно:40; Работно време од 07,30 до 15,30 часот; Работни денови: од понеделник до петок, времетраење на работниот однос е неопределено.

Пријава за вработување на судски службеник може да се подигне од архивата во Основен суд Свети Николе или на веб страната на Основен суд Свети Николе.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата ќе се дисквалификува од натамошната постапка.

Во пријавата, покрај доказите, задолжително треба да содржи: име и презиме на кандидатот поткрепени со доказ за лична идентификација, живеалиште односно престојувалиште на кандидатот, e-mail адреса или контакт телефон.

Кон пријавата кандидатите да приложат:

- извод од историјат на вработувања, издаден од Агенцијата за вработување или Фондот за пензиско и инвалидско осигурување;

- свидетелства од сите четири години од завршено средно образование;

- други документи од интерес за работното место

- препораки од претходните работни места кои содржат контакт податоци од лицето кое го препорачува;

 

Рокот за поднесување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена од денот на објавување на огласот (не сметајки го денот на објавување на огласот).

Кандидатите се должни пријавата со доказите да ја достават во писмена форма во затворен плик со назначување Јавен оглас бр.1/23 непосредно во архивата на судот или по пошта до Основен суд Свети Николе на ул.23 Октомври бр.59 Свети Николе. Доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место да бидат доставени во оригинал или копија заверена на нотар.

Кандидатите кои се уредно пријавени на огласот ќе се известат за одржувањето на административната селекција, испитот и интервјуто на интернет страницата на Основен суд Свети Николе.

 

Основен суд Свети Николе

 

Пријавата можете да ја спуштите на следниот линк:

Пријава за оглас за вработување

Прашања за вработување:

http://www.sud.mk/wps/portal/vsrm/sud/bl/linkovi/prasanja%20

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_