Информирање на јавноста за работата на Основен суд Свети Николе во 2017 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Информирање на јавноста за работата на Основен суд Свети Николе во 2017 година

Известувања  |  29.12.2017
Информирање на јавноста за работата на Основен суд Свети Николе во 2017 година

 

 

Предмет: Информирање на јавноста за работата на Основниот суд Свети Николе

 

Во врска со член 97 ст.5 од Законот за судовите, Основниот суд Свети Николе како независен и самостоен државен орган , а заради обезбедување на транспантност и отвореност во работењето ја информира јавноста дека моментално во судот судската функција ја вршат тројца судии од кои еден Претседател.

На почетокот на 2017 година во судот имало како незавршени предмети од 2016 година околу 404 предмети, новопримено околу 3933 предмети и решени 3971 предмети што значи како нерешени останале околу 366 предмети што го прави судот ажурен во работата.

За отвореноста на работата на судот кон граѓаните зборува фактот дека судот организирано го имаат посетено децата од Детската градинка Рахилка Гонева од Свети Николе, од Основните училишта Кирил и Методиј од Свети Николе и Гоце Делчев од Свети Николе , и подрачното училиште во с. Горобинци , а на 25 Октомври како отворен дена за граѓаните по повод Европскиот ден за човекова правда има посети и од средното училиште Кочо Рацин од Свети Николе како и студенти од Правниот факултет при МСУ Гаврило Романович Державин во Свети Николе.

Во тековната 2017 година има поднесени околу 20 барање за слободен пристап на информации на кои во законски рок е одговорено.

 

Со почит!

Основен суд Св.Николе

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_