Решение за огласна табла за ДПТУ Винекс ДООЕЛ увоз-извоз Штип [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Решение за огласна табла за ДПТУ Винекс ДООЕЛ увоз-извоз Штип

Announcements, Statements, News  |  Mar 14, 2023

МАЛВП-16/23

         ОСНОВНИОТ СУД ВО СВЕТИ НИКОЛЕ како првостепен суд, претставен од судијата Лилјана Додевска  со записничар Зорица Тодорова  , постапувајќи  по тужбата на тужителот Благоја Гуцев  од Неготино против тужениот  ДПТУ Винекс ДООЕЛ  увоз-извоз Штип, за долг, вредност 61.330,00 ден., на ден 14.03.2023  год. го донесе и прикачи на Огласна табла следното:

Р Е   Ш  Е  Н  И  Е

        
        СЕ ОПРЕДЕЛУВА дека сите натамошни доставувања по предметот МАЛВП.бр.16/23 на тужениот ДПТУ Винекс ДООЕЛ  увоз-извоз Штип ке се врши со прикачување на Огласна табла на Основен суд во Св.Николе.

        Доставувањето ке се смета за извршено по истекот на 15 дена за сите писмена од денот на објавување со прикачување на Огласната табла на судот.
    
О б р а з л о ж е н и е

        Судот се обиде да изврши уредна достава на покана  за давање одговор на тужба  на тужениот ДПТУ Винекс ДООЕЛ  увоз-извоз Штип по предметот МАЛВП.бр.16/23.
        Согласно тековната состојба издадена од страна на Централниот регистер на РМ РРК Штип бр. 0805-50/155020230006783 од 25.01.2023 год. и тоа на ул. „Тошо Арсов“ бр.36 во Штип. Тужбата заедно  со поканата за одговор на тужба се врати со напомена дека тужениот  е иселен, но истите  се со седиште на  наведената адреса што се утврди од Тековната состојба од 25.01.2023 година , поради што се смета дека доставата на адресата на седиштето на тужениот не е успешно извршена.
        Бидејки доставата на адресата на седиштето на тужениот не е успешно извршена и тоа на адреса запишана во Трговскиот регистер која што е иста и со адресата наведена во тужбата следуваше судот согласно чл.128 т.5 од ЗПП да одлучи како во изреката на Решението.

        Решено во Основен суд Св.Николе на 14.03.2023 год.

                                          С у д и ј а,
                                       Лилјана Додевска

ПОУКА: Против ова решение не е
       дозволена жалба.


Прикачено на ден 14.03.2023 год.

   


Decision search

Court
Case number
Date
_