За судиите
ActionsЗа судиите
Именик на Судиите
За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Тетово се ангажирани 26 судии и тоа:
Претседател
CV на Претседател
Судија Хасан Асани
Образование:
Роден на 15.10.1976 година во село Челопек Општина Брвеница Тетовско.
Во 2001 година дипломира на правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде се има стекнато со звање дипломиран правник.
Во 2020 година Магистар по правни науки од областа на Казненото Право на факултет за правни и политички науки при Американски Универзитет на Европа - ФОН Скопје.
Во 2008 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.
Во 2013 година има положено нотаски испит .
Работно искуство:
Од 2006 година до 2007 година работи како Секретар - правник при ЈЗУ Здравствен дом Тетово.
Од 2007 госина до 2008 година работи како соработник во Влада на Република Македонија.
Од 2008 до 2012 година работи како Судски сорабтник во Основниот суд во Тетово.
Во 2012 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово ,каде работи како судија во кривична област .
Со одлука на судски совет на РМ на ден 23.11.2017 избран за Претседател на Основен Суд Тетово.
Од 29.11.2021 година избран како В.Д. Претседател на Основен Суд Тетово.
Од 2020 година избран заменик член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители на РСМ.
Со одлука на судски совет на РМ на ден 2023 повторно избран за Претседател на Основен Суд Тетово.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија и тоа на тема и место :
1. Пречекорување на овластување со примена на тортура 07. Ноември 2012 година СКОПЈЕ
2. Кривични дела против јавниот сообраќај/криминалистичка и судска медицина – примена при увид во сообраќајни незгоди 22.ноември 2012 година СКОПЈЕ
3. Закон за кривична постапка –истражна постапка од 18 до 20.03.2013 година во СКОПЈЕ
4. Компјутерскиот криминал во поглед на повреда на авторското и сродните права 02 април 2013 година СКОПЈЕ
5. Кривични дела против човечноста и меѓународното право, со посебен осврт на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19. Април 2013 година СКОПЈЕ
6. Практична примена на законот за малолетничка правда 25 април 2013 година СКОПЈЕ
7. Одговорност на правни лица 14. Мај 2013 година СКОПЈЕ
8. Конфискација на приноси од кривични дела / улога на органите надлежни за управување со конфискуванниот имот од 20 до 21 мај 2013 година СКОПЈЕ
9. Психијатриско вештачење како доказ во кривичната постапка вп врска со пресметливоста на сторителот на кривично дело 06 јуни 2013 година СКОПЈЕ
10. Закон за кривична постапка – предистражна постапка од 04до 06.09.2013 година во СКОПЈЕ
11.Заштита на деца шртви на кривични дела и сведоци во кривична постапка 11.03.2014 година СКОПЈЕ
12.Даночно затајување и разграничување со перењена пари 19 март 2014 година СКОПЈЕ
13.Закон за кривична постапка – посебни постапки од 10 до 11.04.2014 година во СКОПЈЕ
14.Практична примена на законот за правда за деца април-2014 година СКОПЈЕ
15.Поткуп, противзаконито посредување 09.мај 2014 година СКОПЈЕ
16.Упатство за водење на истрага и истражни дејствија од 27 до 28 мај 2014 година СКОПЈЕ
17.Постапување по обвинение и спогодување на вина 04-05 јуни 2014 година СКОПЈЕ
18.Улогата на затворскиот инспекторат и јакнење на координацијата помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на казнено-поправните установи 12.09.2014 – СКОПЈЕ
19.Закон за кривична постапка – Главна расправа од 15 до 17.09.2014 година во СКОПЈЕ
20.Подобрување на постапување со лицата на кои им е ограничено правото на слобода на движење 15 октомври 2014 СКОПЈЕ
21.Начело на казнување на жртвите на трговија со луѓе во меѓународното и домашното право и практика 12 ноември 2014 СКОПЈЕ
22.Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19-20 март 2015 година СКОПЈЕ
23.Јакнење на координацијата помеѓу телата за внатрешен и надворешен инспекциски надзор над работата на затворите од 07 до 09. Октомври 2015 СКОПЈЕ
24.Примена на Закон за прекршоци 15.10.2015 година – СКОПЈЕ
25.Справување со криминал од омраза 21-22.10.2015 година Попова Шапка – Тетово
26.Практична примена на Законот за Одредување на видот и одмерување на висината на казната 19-февруари-2016 СКОПЈЕ
27.Практична примена на ЗКП Испитување осомничен, сведок, вештак 07-март-2016 ГОСТИВАР
28.Меѓународна соработка во кривична материја/Екстрадиција 7-8 април 2016 СКОПЈЕ
29.И други
Судиите
Судија Абдула Азари
Судија Абдула Азари
Образование:
Роден на 27.12.1978 година во Тетово, во 2003 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран праник. Во 2006 година се запишува на постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Во 2012 година се запишува на докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се здобива со звање Доктор по правни науки .
Работно искуство:
Од 2003 година до 2008 година работи како Административен Асистент во факултетот за Јазици,Култука и Комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Од 2008 година до 2011 година работи како Заменик на генералниот секретар во Владата на Република Македонија. Од 2012 до 2013 година работи како Доцент во Државниот универзитет во Тетово.Во 2013 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано во научно-истражувачки национални и меѓународни проекти и има напишано и една книга и тоа :
- РЕСПА ЦРНА ГОРА - ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА 2011 година
- СЛОВЕНИЈА - ПОДГОТОВКА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ 2009 година
- Франција (Париз,Бордо) - Искористување на Европските фондови 2 во 2012 година
- Сараево - Искористување на странските фондови 1 во 2012 година
Своја авторска книга со наслов Искористување на странските фондови за услов за влез на Република Македонија во ЕУ .
Судија Бетим Јахја
Судија Бетим Јахја
Образование:
Роден на 05.10.1978 година во Тетово, во 2002 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 2005 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Од Септември 2007 година до Декември 2008 година почнува со почетна обука во Академија за судии и јавни обвинители Скопје , Република Македонија. Во Декември 2012 година се запишал на постидпомски студии по кривично право во УЈЕ Универзитетот во Тетово.
Работно искуство:
Од 2002 година до 2003 година се вработува како приправник во Основниот суд во Тетово. Од Март 2003 година до Септември 2005 година работи како правен референт во Комерцијална Банка АД СКопје. Од Септември 2005 година до Септември 2009 година работи како Адвокат. Во 2009 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.
Објавени трудови и активности:
Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија и во странство и тоа на тема и место :
- Улогата на судијата во акузаторната постапка,12-13 февруари 2013 год. во Скопје
- Улогата на судијата во акузаторната постапка 23-24 Април 2013 год., Скопје
- Студиски престој во Бостон САД , 6 -13 Октомври 2013 година
- Конференција за борба против корупција:судска етика и превенција од гонење на случаи на корупција-10-11 Јули , 2014 год. Охрид
- Примена на новиот ЗКП 12-13 Јуни Берово
- Спроведување на правдата , Хаг , Холандија 19-29 октомври 2014 година
- Правни механизми и механизми на граѓанското општество за справување со говор на омраза, 12 Декември 2014 год. Скопје
- Финансиска истрага и конфискација на имот -31 Мај -6 Јуни 2014 год. , Варна Р.Булгариа
Судија Бојана Тоиќ
Судија Бојана Тоиќ
Образование:
Септември 2020-септември 2023 година Слушател на почетна обука/Кандидат за судија, Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје
Ноември 2016 Положен правосуден испит
2013 - 2015 Магистер по право од областа на казнено право (Master of Laws LL.M.), Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје Правен факултет “Јустинијан Први” Скопје
2010 – 2013 Дипломиран правник (Bachelor of Laws LL.B.), Универзитет “Св.Кирил и Методиј” Скопје Правен факултет “Јустинијан Први” Скопје
2006 – 2010 Економско - правен техничар, ОСЕУ “8 Септември” Тетово
1998 – 2010 Основно образование ОУ „Гоце Делчев” Тетово
Роденa на 27.08.1991година во Тетово.
Работно искуство:
Септември 2020-септември 2023 година Слушател на почетна обука/Кандидат за судија, Академија за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје
Октомври 2018 година- Септември 2020 година Адвокат, Адвокатска канцеларија Пешликоски Скопје
Април 2017 –септември 2018 година Адвокатски стручен соработник, Адвокатска канцеларија Пешликоски Скопје
Август 2015 – Август 2016 Волонтер, Основен суд Тетово
Септември 2013 – Декември 2013 Волонтер, Основно јавно обвинителство
Август 2012 – Ноември 2012 Волонтер, Основен суд Тетово
Објавени трудови и активности:
Учество во младински организации, дебатни клубови, обуки и курсеви меѓу кои:
06-07 јули 2022 година, „The fight against environmental offenses“, French National School for the Judiciary
04 јули 2022 година „Labour right as human rights“, HELP course, Совет на Европа
27 декември 2021 година „Promotion of diversity and equality in North Macedonia“, Anti-discrimination, HELP course, Совет на Европа
1-3 јуни 2021 „Обука за компјутерски криминал и дигитални докази“, Обука организирана од Mисија на ОБСЕ и Академија за судии јавни обвинители „Павел Шатев“
18-20 мај 2021 „Ресторативна правда и медијација“, Обука организирана од Институт за европска политика Скопје
22 декември 2020 „Introduction to the European Convention on Human Rights and the European Court of Human Rights“, HELP course, Совет на Европа
Март / Април 2016 “Човекови права за млади правници”, · Обука организирана од УСАИД и Македонско здружение на млади правници
18 – 21 АВГУСТ 2015 “Подготовка за вработување и за работа” и “Учење преку работа”, Обука организирана од Центар за вработување - Тетово во соработка со УСАИД / Мрежа ЈЕС ·
Октомври 2013 “Примена на најсофистицирани техники и методи при расветлување на тешките кривични дела”, · Обука организирана од ЕЛСА на РМ
Судија Верка Костовска
Судија Верка Костовска
Образование:
Роденa 1960 година во Кочани, во 1983 година дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. ,каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 1985 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.
На ден 12.07.2001 година се има стекнато со академски степен магистар по правни науки на постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, на тема “ПАРИЧНА КАЗНА “. На ден 11.04.2016 година се има стекнато научен степен ДОКТОР ПО ПРАВНИ НАУКИ по одбрана на докторска дисертација на тема “ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СТЕК“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.
Работно искуство:
За прв пат се има вработено во 1984 година во Основниот суд во Тетово како приправник. Од 1985 година до 1986 година работи како стручен соработник во Основен суд Тетово. Во 1986 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.
Објавени трудови и активности:
Има завземено учество на повеќе семинари и обуки, сопствени реферати за : парична казна, вештачење, притвор.
Има учествувано во работна група за измени на Кривичен законик на Република Македонија.
Судија Ељвeдин Ферати
Судија Ељвeдин Ферати
Образование:
Роден на 26.08.1986 година во Тетово, во 2008 година дипломира на Правниот факултет при Државен универзитет во Тетово. На истиот факултет во 2011 година се стекнал со звање Магистер по правни науки, со одбрана на магистерски труд на тема: “Материјалните авторски права и правната заштита„. Правосуден испит положил во 2012 година.
Работно искуство:
Од Декември 2008 година до Јуни 2010 година обавува пракса како волонтер во Основен суд Тетово. Од Јуни 2010 година до Декември 2013 година е вработен како Државен службеник во Влада на Република Северна Македонија - Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Од Декември 2013 година до Февруари 2017 година е вработен како Стручен соработник во Основен суд Тетово. Завршил почетна обука како дел од шестата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев„ Скопје (март 2017 година - Септември 2019 година) и се стекнал со звање Кандидат за судија. На 07.02.2020 година е избран за судија во Основен суд Тетово.
Судија Илир Реџепи
Судија Илир Реџепи
Образование:
Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина во 1991 година. И се стекнал со звање дипломиран правник.
Работно искуство:
Бил вработен во Министерство за внатрешни работи на Република Македонија како Виш инспектор и Раководител на сектор за странци од 1994 до 2008. Во 2008 година е избран за судија во Основниот суд во Тетово каде и сеуште ја извршува истата функција .
Судија Јасмина Лазаровска
Судија Јасмина Лазаровска
Образование:
Родена на ден 27.11.1964 во Тетово. Во 1991 година има дипломирано на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје VII/1 степен, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Правосуден испит има положено во 2000 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.
Работно искуство:
Во период од 1994 година до 1999 година има работено како Правник во ПТП "Ива Комерц" Тетово, како Стручен соработник во Основен суд Тетово од 2002 година до 2009 година. Во 2009 година со одлука на Судски совет на Р.М е избрана за судија во Основен суд Тетово.
Судија Јордан Велковски
Судија Јордан Велковски
Образование:
Роден на 20.03.1961 година во село Непроштено Тетовско, во 1985 година дипломира на правниот факултет Јустиниан први при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник .
Работно искуство:
Од 1986 година до 1988 година се вработува како приправник во Основниот суд во Тетово. Во 1988 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.
Објавени трудови и активности:
Судија Лупчо Спироски
Судија Лупчо Спироски
Образование:
Роден во 1977 година во Струга, Р.Македонија,
На ден 12.06.2000 год дипломира на Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје Правен факултет, по што на 26.06.2003 година положил правосуден испит.
На ден 12.01.2009 во првата генерација ја завршил обуката во Академија за судии и јавни обвинители.
Работно искуство:
Во периодот од Ноември 2000 год до Март 2005 год приправник во Основен суд Охрид, во период од Март до Август 2005 год Судски Координатор во ДКП УСАИД Проект за модернизација на судство во РМ.
Во период од Август 2005 до Септември 2009 год Стручен соработник во Основен суд Охрид, како судија во Основен суд Тетово е избран на 01.09.2009 год, по што во период од Ноември 2014 до Ноември 2017 бил делегиран како судија во Основен суд Скопје 1 Скопје, по што повторно од Ноември 2017 до Јули 2018 е судија во Основен суд Тетово.
Во период од Август 2018 до Јули 2019 е судија во Основен Граѓански суд Скопје, за да од Август 2019 год до денес е судија во Основен суд Тетово.
Судија Назиф Илијази
Судија Назиф Илијази
Образование:
Роден е на 19.04.1961 год. во с.Лисец Тетовско. По националност е Албанец. Основното образование го завршил во родното место а средното училиште во Тетово. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје - правосудна насока на ден 24.04.1986 год, каде и се стекнува со звање дипломиран правник .
Работно искуство:
На ден 01.07.1987 година се вработува во Основен суд Тетово како судиски приправник а од 18.10.1989 година како стручен соработник. Во 1996 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. До 2000 година работел како судија во извршна материја потоа како судија во кривична материја.
Објавени трудови и активности:
Во текот на 2003/2004 година учествува во работната група формирана од Министерството за правда Скопје за изготвување на Законот за прекршоци.
Учествувал на на бројни меѓународни тренинг обуки во Рим Р.Италија во текот на 2007 год. на тема: „Европската конвенција за човекови права , трговија со луѓе и организираниот криминал“
Во Бостон-САД на тема „Еднаквост на орудијата во крвичната постапка„ и др.