За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Именик на Судиите

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Тетово се ангажирани 26 судии и тоа: 

Претседател

CV на Претседател

Судија Хасан Асани

Име и презиме:
Хасан Асани
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Претседател

Образование:

 Роден на 15.10.1976 година во село Челопек Општина Брвеница Тетовско.

 Во 2001 година дипломира на правниот факултет при Државниот  универзитет во Тетово, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. 

Во 2020 година Магистар по правни науки од областа на Казненото Право на факултет за правни и политички науки при Американски Универзитет на Европа - ФОН Скопје.

Во 2008 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Во 2013 година има положено нотаски испит .

Работно искуство:

 Од 2006 година до 2007 година работи како Секретар - правник при ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

Од 2007 госина до 2008 година работи како соработник во Влада на Република Македонија.

Од 2008 до 2012 година работи како Судски сорабтник во Основниот суд во Тетово. 

Во 2012 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово ,каде работи како судија во кривична област .

Со одлука на судски совет на РМ на ден 23.11.2017 избран за Претседател на Основен Суд Тетово.

Од 29.11.2021 година избран како В.Д. Претседател на Основен Суд Тетово.

Од 2020 година избран заменик член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители на РСМ. 

Со одлука на судски совет на РМ на ден 2023 повторно  избран за Претседател на Основен Суд Тетово.

Објавени трудови и активности:

 

Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија  и тоа на тема и место :

 

1. Пречекорување на овластување со примена на тортура 07. Ноември 2012 година СКОПЈЕ

2. Кривични дела против јавниот сообраќај/криминалистичка и судска медицина – примена при увид во сообраќајни незгоди 22.ноември 2012 година СКОПЈЕ

3. Закон за кривична постапка –истражна постапка од 18 до 20.03.2013 година во СКОПЈЕ

4. Компјутерскиот криминал во поглед на повреда на авторското и сродните права 02 април 2013 година СКОПЈЕ

5. Кривични дела против човечноста и меѓународното право, со посебен осврт на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19. Април 2013 година СКОПЈЕ

6. Практична примена на законот за малолетничка правда 25 април 2013 година СКОПЈЕ

7. Одговорност на правни лица 14. Мај 2013 година СКОПЈЕ

8. Конфискација на приноси од кривични дела / улога на органите надлежни за управување со конфискуванниот имот од 20 до 21 мај 2013 година СКОПЈЕ

9. Психијатриско вештачење како доказ во кривичната постапка вп врска со пресметливоста на сторителот на кривично дело 06 јуни 2013 година СКОПЈЕ

10. Закон за кривична постапка – предистражна постапка од 04до 06.09.2013 година во СКОПЈЕ

11.Заштита на деца шртви на кривични дела и сведоци во кривична постапка 11.03.2014 година СКОПЈЕ

12.Даночно затајување и разграничување со перењена пари 19 март 2014 година СКОПЈЕ

13.Закон за кривична постапка – посебни постапки од 10 до 11.04.2014 година во СКОПЈЕ

14.Практична примена на законот за правда за деца април-2014 година СКОПЈЕ

15.Поткуп, противзаконито посредување 09.мај 2014 година СКОПЈЕ

16.Упатство за водење на истрага и истражни дејствија од 27 до 28 мај 2014 година СКОПЈЕ

17.Постапување по обвинение и спогодување на вина 04-05 јуни 2014 година СКОПЈЕ

18.Улогата на затворскиот инспекторат и јакнење на координацијата помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на казнено-поправните установи 12.09.2014 – СКОПЈЕ

19.Закон за кривична постапка – Главна расправа од 15 до 17.09.2014 година во СКОПЈЕ

20.Подобрување на постапување со лицата на кои им е ограничено правото на слобода на движење 15 октомври 2014 СКОПЈЕ

21.Начело на казнување на жртвите на трговија со луѓе во меѓународното и домашното право и практика 12 ноември 2014 СКОПЈЕ

22.Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19-20 март 2015 година СКОПЈЕ

23.Јакнење на координацијата помеѓу телата за внатрешен и надворешен инспекциски надзор над работата на затворите од 07 до 09. Октомври 2015 СКОПЈЕ

24.Примена на Закон за прекршоци 15.10.2015 година – СКОПЈЕ

25.Справување со криминал од омраза 21-22.10.2015 година Попова Шапка – Тетово

26.Практична примена на Законот за Одредување на видот и одмерување на висината на казната 19-февруари-2016 СКОПЈЕ

27.Практична примена на ЗКП Испитување осомничен, сведок, вештак 07-март-2016 ГОСТИВАР

28.Меѓународна соработка во кривична материја/Екстрадиција 7-8 април 2016 СКОПЈЕ

29.И други

 

Судиите

Судија Абдула Азари

Судија Абдула Азари

Име и презиме:
Абдула Азари
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Вонпарнична област

Образование:

Роден на 27.12.1978 година во Тетово, во 2003 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран праник. Во 2006 година се запишува на постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Во 2012 година се запишува на докторски студии на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се здобива со звање Доктор по правни науки .

Работно искуство:

Од 2003 година до 2008 година работи како Административен Асистент во факултетот за Јазици,Култука и Комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Од 2008 година до 2011 година работи како Заменик на генералниот секретар во Владата на Република Македонија. Од 2012 до 2013 година работи како Доцент во Државниот универзитет во Тетово.Во 2013 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.  

Објавени трудови и активности:

Има учествувано во научно-истражувачки национални и меѓународни проекти и има напишано и една книга и тоа :

  • РЕСПА ЦРНА ГОРА - ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА 2011 година
  • СЛОВЕНИЈА - ПОДГОТОВКА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ 2009 година
  • Франција (Париз,Бордо) - Искористување на Европските фондови 2 во  2012 година
  • Сараево - Искористување на странските фондови 1 во 2012 година

Своја авторска книга со наслов Искористување на странските фондови за услов за влез на Република Македонија во ЕУ .

Судија Бетим Јахја

Судија Бетим Јахја

Име и презиме:
Бетим Јахја
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 05.10.1978 година во Тетово, во 2002 година дипломира на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 2005 година има положено Правосуден испит на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Од Септември 2007 година до Декември 2008 година почнува со почетна обука во Академија за судии и јавни обвинители Скопје , Република Македонија. Во Декември 2012 година се запишал на постидпомски студии по кривично право во УЈЕ Универзитетот во Тетово.

 

 

 

Работно искуство:

Од 2002 година до 2003 година се вработува како приправник во Основниот суд во Тетово. Од Март 2003 година до Септември 2005 година работи како правен референт во Комерцијална Банка АД СКопје. Од Септември 2005 година до Септември 2009 година работи како Адвокат. Во 2009 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. 

Објавени трудови и активности:

Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија и во странство и тоа на тема и место :

  • Улогата на судијата во акузаторната постапка,12-13 февруари 2013 год. во Скопје
  • Улогата на судијата во акузаторната постапка 23-24 Април 2013 год., Скопје
  • Студиски престој во Бостон САД , 6 -13 Октомври 2013 година
  • Конференција за борба против корупција:судска етика и превенција од гонење на случаи на корупција-10-11 Јули , 2014 год. Охрид
  • Примена на новиот ЗКП 12-13 Јуни Берово
  • Спроведување на правдата , Хаг , Холандија 19-29 октомври 2014 година
  • Правни механизми и механизми на граѓанското општество за справување со говор на омраза, 12 Декември 2014 год. Скопје
  • Финансиска истрага и конфискација на имот -31 Мај -6 Јуни 2014 год. , Варна Р.Булгариа

Судија Верка Костовска

Судија Верка Костовска

Име и презиме:
Верка Костовска
Година на избор:
1986
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роденa 1960 година во Кочани, во 1983 година дипломирала на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. ,каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 1985 година има положено Правосуден испит на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје

На ден 12.07.2001 година се има стекнато со академски степен магистар по правни науки на постдипломски студии на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје,  на тема “ПАРИЧНА КАЗНА “. На ден 11.04.2016 година се има стекнато научен степен  ДОКТОР ПО ПРАВНИ НАУКИ  по одбрана на докторска дисертација на тема “ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СТЕК“  на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

За прв пат се има вработено во 1984 година во Основниот суд во Тетово како приправник. Од 1985 година до 1986 година работи како стручен соработник во Основен суд Тетово. Во 1986 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. 

Објавени трудови и активности:

Има завземено учество на повеќе семинари и обуки, сопствени реферати за : парична казна, вештачење, притвор.

Има учествувано во работна група за измени на Кривичен законик на Република Македонија.

Судија Ељвeдин Ферати

Судија Ељвeдин Ферати

Име и презиме:
Ељвeдин Ферати
Година на избор:
2020
Област на која работи судијата:
Вонпарнична област

Образование:

Роден на 26.08.1986 година во Тетово, во 2008 година дипломира на Правниот факултет при Државен универзитет во Тетово. На истиот факултет во 2011 година се стекнал со звање Магистер по правни науки, со одбрана на магистерски труд на тема: “Материјалните авторски права и правната заштита„. Правосуден испит положил во 2012 година.

Работно искуство:

Од Декември 2008 година до Јуни 2010 година обавува пракса како волонтер во Основен суд Тетово. Од Јуни 2010 година до Декември 2013 година е вработен како Државен службеник во Влада на Република Северна Македонија - Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Од Декември 2013 година до Февруари 2017 година е вработен како Стручен соработник во Основен суд Тетово. Завршил почетна обука како дел од шестата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев„ Скопје (март 2017 година - Септември 2019 година) и се стекнал со звање Кандидат за судија. На 07.02.2020 година е избран за судија во Основен суд Тетово.

Судија Илир Реџепи

Судија Илир Реџепи

Име и презиме:
Илир Реџепи
Година на избор:
2008
Област на која работи судијата:
Граѓански оддел

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина во 1991 година. И се стекнал со звање дипломиран правник.

Работно искуство:

Бил вработен во Министерство за внатрешни работи на Република Македонија како Виш инспектор и Раководител на сектор за странци од 1994 до 2008. Во 2008 година е избран за судија во Основниот суд во Тетово каде и сеуште ја извршува истата функција .

Судија Јасмина Лазаровска

Судија Јасмина Лазаровска

Име и презиме:
Јасмина Лазаровска
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Стапанска област

Образование:

Родена на ден 27.11.1964 во Тетово. Во 1991 година има дипломирано на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје VII/1 степен, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Правосуден испит има положено во 2000 година на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

Во период од 1994 година до 1999 година има работено како Правник во ПТП "Ива Комерц" Тетово, како Стручен соработник во Основен суд Тетово од 2002 година до 2009 година. Во 2009 година со одлука на Судски совет на Р.М е избрана за судија во Основен суд Тетово.

Објавени трудови и активности:

 

Судија Јордан Велковски

Судија Јордан Велковски

Име и презиме:
Јордан Велковски
Година на избор:
1988
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 20.03.1961 година во село Непроштено Тетовско, во 1985 година дипломира на правниот факултет Јустиниан први при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник .

Работно искуство:

Од 1986 година до 1988 година се вработува како приправник во Основниот суд во Тетово. Во 1988 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. 

Објавени трудови и активности:

 

Судија Лупчо Спироски

Судија Лупчо Спироски

Име и презиме:
Лупчо Спироски
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Роден во 1977 година во Струга, Р.Македонија,

На ден 12.06.2000 год дипломира на Универзитет Св.Кирил и Методиј Скопје Правен факултет, по што на  26.06.2003 година положил правосуден испит.

На ден 12.01.2009 во првата генерација ја завршил обуката во Академија за судии и јавни обвинители.

 

Работно искуство:

Во периодот од Ноември 2000 год до Март 2005 год приправник во Основен суд Охрид, во период од Март до Август 2005 год Судски  Координатор во ДКП УСАИД Проект за модернизација на судство во РМ.

Во период од Август 2005 до Септември 2009 год Стручен соработник во Основен суд Охрид, како судија во Основен суд Тетово е избран на 01.09.2009  год, по што во период од Ноември 2014 до Ноември 2017 бил делегиран како судија во Основен суд Скопје 1 Скопје, по што повторно од Ноември 2017 до Јули 2018 е судија во Основен суд Тетово.

Во период од Август 2018 до Јули 2019 е судија во Основен Граѓански суд Скопје, за да од Август 2019 год до денес е судија во Основен суд Тетово.

Судија Назиф Илијази

Судија Назиф Илијази

Име и презиме:
Назиф Илијази
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден е на 19.04.1961 год. во с.Лисец Тетовско. По националност е Албанец. Основното образование  го завршил во родното место а средното училиште во Тетово. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје - правосудна насока на ден 24.04.1986 год, каде и се стекнува со звање дипломиран правник .

Работно искуство:

На ден 01.07.1987 година се вработува во Основен суд Тетово како судиски приправник а од 18.10.1989 година како стручен соработник. Во 1996 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. До 2000 година работел како судија во извршна материја потоа како судија во кривична материја.

Објавени трудови и активности:

Во текот на 2003/2004 година учествува во работната група формирана од Министерството за правда Скопје за изготвување на Законот за прекршоци.

Учествувал на на бројни меѓународни тренинг обуки во Рим Р.Италија во текот на 2007 год. на тема: „Европската конвенција за човекови права , трговија со луѓе и организираниот криминал“

Во Бостон-САД на тема „Еднаквост на орудијата во крвичната постапка„ и др.

Судија Садула Изаири

Судија Садула Изаири

Име и презиме:
Садула Изаири
Година на избор:
2008
Област на која работи судијата:
Кривична оласт

Образование:

Роден на 17.10.1969 година во Тетово, во 1994 година дипломира на правниот факултет на универзитетот во Приштина Република Косово, каде се има стекнато со звање дипломиран праник . Во 2004 година го положува правосудниот испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

Од 1998 година до 2000 година работи како управител во приватна фирма во Тетово. Од 2001 година до 2005 година работи како секретар во Општина Боговиње Тетовско. Од 2005 до 2006 година работи како Адвокат во Тетово. Од 2005 година до 2008 година работи како генерален директор во Македонски пошти. Во 2008 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.

Објавени трудови и активности:

Завзема учество на Семинари организиранини од Академија на судии и јавни обвинители, по кривична материја.

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_