ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/19 За вработување на судски службеници за неопределено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/19 За вработување на судски службеници за неопределено време

Новости  |  11.9.2019
ЈАВЕН ОГЛАС

ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО

СУ-04-342/19

30.08.2019

Тетово

 

Врз основа на член 20,21 , 24 ст.1 и членовите 25 и 26 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РМ бр.43/14; 33/15; 98/15; 5/16; 198/18 и бр.248/18),  член 2 од Правилникот формата и содржината на јавниот оглас, формата содржината и начинот на поднесување на пријавата за спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.Весник на РМ бр.236/18 од 24.12.2018 год.)  и правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места  во Основен суд Тетово под СУ-04-85/18 од 28.12.2018 год., претседателот на Основен суд Тетово Хасан Асани на ден 30.08.2019 год. го објавува следниот:

 

 

                                                             ЈАВЕН ОГЛАС  бр.2/19

За вработување на судски службеници за неопределено време

 за следните работни места:

 

1.Судски советник-Информаричар- работно место од категорија “В“ ниво В1-  1 (еден)  извршител.

                Стручна квалификација

 

                -Стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен 7/1 степен факултет од областа на имформатика или Електротехнички факултет-електроинжинер

                -Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

                -Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски или германски)

                -Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

                -Основна нето плата – 27.232,00 денари и брото плата од 41.970,00 денари.

                -Работни часови неделно 40 часа, работно време од 07,30 часот до 15,30 часот, дневен одмор (пауза) од 11,000 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

 

                2.Самостоен судски референт – работно место од категорија “Г“ ниво Г1 – 1 (еден) извршител.

                Стручна квалификација

 

                -Најмалку више или средно образование

-Најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

                -Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски или германски)

                -Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

                -Основна нето плата – 18.742,00 денари и брото плата од 26.725,00 денари.

                -Работни часови неделно 40 часа, работно време од 07,30 часот до 15,30 часот, дневен одмор (пауза) од 11,000 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

 

 

 

               

 

3.Помлад судски референт-работно место од категорија “Г“ ниво Г4 – 1 (еден) извршител.

                Стручна квалификација

               

                -Најмалку више или средно образование

-Со или без работно искуство во струката

                -Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици во Европската унија (англиски, француски или германски)

                -Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

                -Основна нето плата – 15.685,00 денари и брото плата од 24.442,00 денари.

                -Работни часови неделно 40 часа, работно време од 07,30 часот до 15,30 часот, дневен одмор (пауза) од 11,000 до 11,30 часот, работни денови од понеделник до петок.

 

                Покрај наведените посебни услови предвидени во правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Тетово заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување предвидени во членот 21 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РМ бр.43 од 04.03.2014 год.) и тоа:

            -да е државјанин на РСМ

            -актино да го користи македонскиот јазик

            -да е полнолетен

            -да има општа здравствена способност за соодветно работно место

            -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија дејност и должност.

 

            -Кон пријавата согласно член 26ст.3 од ЗСС кандидатите може да поднесат и – препорака од претходните работни места кои содржат контакт податоци од лицето кој го препорачува.

            -Потврди за посетувани обуки стручни сертификати од други стручни квалификаци и специализации, трудови побликации.

            -Потврда за волонтерски стаж, издадени од волонтерскиот регистар на Министерството за труд социална политика, потпишана на раководното лице на институцијата.

            -Изјави или други документи од интерес за работното место.

 

            Рокот за пријавување на кандидатите е 15 работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот.

            Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

            Заинтересираните кандидати се должни да поднесат молба, CV, доказ за испонување општи услови согласно чл.21 од Законот за судска служба (Сл.Весник на РМ бр.43 од 04.03.2014 год.) како и докази за исполнување на посебните услови утврдени во членот 26 ст.2 ал.3 од ЗСС  (Сл. Весник на РМ бр. 43 од 04.03.2014 год.) сите во оригинал или заверени на нотар.

 

 

 

 

 

            Кандидатите се должнио во молбата да наведуваат целосни, прецизни и точни податоци со задолжително наведување на име и презиме, адреса на живеење, контакт адреса, работно место и број на оглас за кој кандидатот се пријавува ЕМАИЛ – адреса како и телефонски број за контактирање.

            Ненавремени и не уредни молби нема да бидат предмет на разгледување.

            По истекот на рокот за пријавување, изборот на кандидатите ќе се изврши во рокот определено со закон.

            Заинтересираните кандидати пријавата односно молбата можаат да ја поднесат во писмена форма преку приемната архива на Основен суд Тетово или по пошта на адреса, ОС Тетово ул.“Илинденска“ б.б. Тетово.

 

                                                                                                                 Претседател на судот                                                                                                               HASAN ASANI

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_