СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД ТЕТОВО ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ
Република Северна Македонија Republika e Maqedonisё sё Veriut
Основен суд Тетово Gjykata Themelore Tetovё
СУ бр.108/2020 SU nr.108/2020
18.03.2020 година 18.03.2020
Тетово Tetovё
И З В Е С Т У В А Њ Е
Почитувани,
Согласно заклучоците на Владата на република Северна Македонија во врска со спроведување на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста предизвикана од КОВИД-19 (корона вирус), препораките од Министерството за здравство, барањето за воведување на мерко за претпазливост и заштита од корона вирусот во правосудниот систем од Адвокатската комора на РСМ под бр.03-281 од 15.03.2020 година, заклучокот од Управниот одбор на Здружението на судиите на РСМ донесен на XXXVI-та седница одржана на 16.03.2020 година, како и Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД-19 донесена од Судскиот совет на РСМ под бр.02-606/1 од 17.03.2020 година, Основниот суд Тетово ВЕ ИЗВЕСТУВА дека сметано од 18.03.2020 година до следното известување, СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта по предметите во Основниот суд Тетово, со исклучок на кривични предмети со притвор, домашен притвор или друга мерка за обезбедување присуство на обвинетите; кривични предмети спрема странски државјани; кривични предмети за кои постои опасност од застареност на кривичното гонење; кривични предмети за дела по чл.205, 206, 208, 382, 383 и 387 од КЗ; потоа прекршочни предмети од итна природа; предмети за примена на времени мерки; предмети по кои постапката е во фаза на донесување одлука; предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок; спорови за објавување на исправка на објавена информација; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитување и заштита на деца и обврски по предмети за издршка што произлегуваат од закон; регистрација на политички партии; вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имот на оставител, составување тестамент; како и предмети кои по сила на законот се итни.
За денот и часот на одржување на сите одложени рочишта странките ќе бидат дополнително известени со доставување покана од страна на судијата кој постапува по секој поединечен предмет.
Со оглед на наведеното, нема да биде дозволен влез на неслужбени лица во просториите на Основниот суд Тетово, освен на лица со уредна покана и претходна најава, поради присуство во судот во врска со означениот вид на предмети од итна природа.
Контролата и легитимирањето на лицата на влезовите во Основниот суд Тетово ќе ја вршат припадниците на судската полиција согласно правилата на службата, коишто по извршената безбедносна проверка ќе ги упатуваат лицата во соодветните простории на Судот.
Се укажува на лицата кои е потребно да присуствуваат во Судот на предметите од итна природа самите да обезбедат соодветна заштитна опрема, со оглед да Основниот суд Тетово врз основа на расположивите средства во овој момент не е во можност истата да ја обезбеди и за странките во постапката, а на лицата за кои не е неопходно им се укажува да не доаѓаат без оправдана причина во Судот.
Основниот суд Тетово укажува дека ваквите мерки се неопходни за заштита на здравјето и животот на граѓаните, во околности кога заштитата, почитувањето и унапредувањето на човековите права и основните слободи претставува една од целите и функциите на судската власт, а имајќи ги предвид обемот на надлежност и на работа на Основниот суд Тетово, како и големиот број судски предмети, што доведува до зголемена фреквенција на луѓе во Судот.
Воедно, напоменуваме дека Основниот суд Тетово и понатаму ќе ја извршува функцијата како сервис на граѓаните на Република Северна Македонија, поради што упатуваме апел во означениот период да се користат алтернативните начини за комуникација со Судот, по пошта и/или по електронски пат.
Со почит,
Претседател на Основниот суд Тетово,
Hasan Asani