Соопштение за јавност
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за јавност
Во врска со настанот случен на 11.01.2024 година пред Основниот суд Тетово, а со цел запознавање на јавноста во врска со истиот, Основниот суд Тетово го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
На ден 11.01.2023 година во попладневните часови, пред влезот во зградата на Основниот суд Тетово дојдено е до тепачка помеѓу две физички лица. Благодарение на брзата реакција на судската полиција, спречен е поголем инцидент. По раздвојување на страните во тепачката, веднаш случајот е пријавен во СВР Тетово и од нивна страна релативно брзо на лице место пратена е екипа и случајот е преземен во нивна надлежност.
По расчистување на целиот настан од страна на истражните органи ќе се знае дали постои инволвираност на лица вработени во Судот во овој настан и кои се тие лица.