За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Именик на Судиите

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Тетово се ангажирани 26 судии и тоа: 

Претседател

CV на Претседател

Судија Хасан Асани

Име и презиме:
Хасан Асани
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Претседател

Образование:

         Роден на 15.10.1976 година во село Челопек Општина Брвеница Тетовско, во 2001 година дипломира на правниот факултет при Државниот  универзитет во Тетово, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 2008 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Во 2013 година има положено нотаски испит .

Работно искуство:

           Од 2006 година до 2007 година работи како Секретар - правник при ЈЗУ Здравствен дом Тетово. Од 2007 госина до 2008 година работи како соработник во Влада на Република Македонија. Од 2008 до 2012 година работи како Судски сорабтник во Основниот суд во Тетово. Во 2012 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово ,каде работи како судија во кривична област .Со одлука на судски совет на РМ на ден 23.11.2017 избран за Претседател на Основен Суд Тетово.

Објавени трудови и активности:

Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија  и тоа на тема и место :

 

1. Пречекорување на овластување со примена на тортура 07. Ноември 2012 година СКОПЈЕ

2. Кривични дела против јавниот сообраќај/криминалистичка и судска медицина – примена при увид во сообраќајни незгоди 22.ноември 2012 година СКОПЈЕ

3. Закон за кривична постапка –истражна постапка од 18 до 20.03.2013 година во СКОПЈЕ

4. Компјутерскиот криминал во поглед на повреда на авторското и сродните права 02 април 2013 година СКОПЈЕ

5. Кривични дела против човечноста и меѓународното право, со посебен осврт на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19. Април 2013 година СКОПЈЕ

6. Практична примена на законот за малолетничка правда 25 април 2013 година СКОПЈЕ

7. Одговорност на правни лица 14. Мај 2013 година СКОПЈЕ

8. Конфискација на приноси од кривични дела / улога на органите надлежни за управување со конфискуванниот имот од 20 до 21 мај 2013 година СКОПЈЕ

9. Психијатриско вештачење како доказ во кривичната постапка вп врска со пресметливоста на сторителот на кривично дело 06 јуни 2013 година СКОПЈЕ

10. Закон за кривична постапка – предистражна постапка од 04до 06.09.2013 година во СКОПЈЕ

11.Заштита на деца шртви на кривични дела и сведоци во кривична постапка 11.03.2014 година СКОПЈЕ

3.Даночно затајување и разграничување со перењена пари 19 март 2014 година СКОПЈЕ

4.Закон за кривична постапка – посебни постапки од 10 до 11.04.2014 година во СКОПЈЕ

5.Практична примена на законот за правда за деца април-2014 година СКОПЈЕ

6.Поткуп, противзаконито посредување 09.мај 2014 година СКОПЈЕ

7.Упатство за водење на истрага и истражни дејствија од 27 до 28 мај 2014 година СКОПЈЕ

8.Постапување по обвинение и спогодување на вина 04-05 јуни 2014 година СКОПЈЕ

9.Улогата на затворскиот инспекторат и јакнење на координацијата помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на казнено-поправните установи 12.09.2014 – СКОПЈЕ

10.Закон за кривична постапка – Главна расправа од 15 до 17.09.2014 година во СКОПЈЕ

11.Подобрување на постапување со лицата на кои им е ограничено правото на слобода на движење 15 октомври 2014 СКОПЈЕ

12.Начело на казнување на жртвите на трговија со луѓе во меѓународното и домашното право и практика 12 ноември 2014 СКОПЈЕ

13.Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19-20 март 2015 година СКОПЈЕ

14.Јакнење на координацијата помеѓу телата за внатрешен и надворешен инспекциски надзор над работата на затворите од 07 до 09. Октомври 2015 СКОПЈЕ

15.Примена на Закон за прекршоци 15.10.2015 година – СКОПЈЕ

16.Справување со криминал од омраза 21-22.10.2015 година Попова Шапка – Тетово

17.Практична примена на Законот за Одредување на видот и одмерување на висината на казната 19-февруари-2016 СКОПЈЕ

18.Практична примена на ЗКП Испитување осомничен, сведок, вештак 07-март-2016 ГОСТИВАР

19.Меѓународна соработка во кривична материја/Екстрадиција 7-8 април 2016 СКОПЈЕ

20.И други

Судиите

Судија Абдула Азари

Судија Абдула Азари

Име и презиме:
Абдула Азари
Година на избор:
2013
Област на која работи судијата:
Вонпарнична област

Образование:

Роден на 27.12.1978 година во Тетово, во 2003 година дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран праник. Во 2006 година се запишува на постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Во 2012 година се запишува на докторски студии на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се здобива со звање Доктор по правни науки .

Работно искуство:

Од 2003 година до 2008 година работи како Административен Асистент во факултетот за Јазици,Култука и Комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Од 2008 година до 2011 година работи како Заменик на генералниот секретар во Владата на Република Македонија. Од 2012 до 2013 година работи како Доцент во Државниот универзитет во Тетово.Во 2013 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.  

Објавени трудови и активности:

Има учествувано во научно-истражувачки национални и меѓународни проекти и има напишано и една книга и тоа :

  • РЕСПА ЦРНА ГОРА - ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА 2011 година
  • СЛОВЕНИЈА - ПОДГОТОВКА ЗА ПРЕГОВОРИТЕ 2009 година
  • Франција (Париз,Бордо) - Искористување на Европските фондови 2 во  2012 година
  • Сараево - Искористување на странските фондови 1 во 2012 година

Своја авторска книга со наслов Искористување на странските фондови за услов за влез на Република Македонија во ЕУ .

Судија Александра Зафироска

Судија Александра Зафироска

Име и презиме:
Александра Зафироска
Година на избор:
1998
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Член на Судски Совет на Република Македонија

Работно искуство:

 

Објавени трудови и активности:

 

Судија Амди Мифтари

Судија Амди Мифтари

Име и презиме:
Амди Мифтари
Година на избор:
1996
Област на која работи судијата:
Стопанска област

Образование:

Роден на 09.07.1955 година во Тетово. Во 1979 година дипломира на правниот факултет на Универзитетот во Приштина Република Косово, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. 

Работно искуство:

Од 1981 година до 1983 година се вработува како приправник во Основниот суд во Тетово. Од  1983 година до 1986 година работи како стручен соработник во Основниот суд во Тетово. Во 1996 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. Од 2014 догина до денес работи како Раководител на граѓански оддел при Основниот суд во Тетово .

Објавени трудови и активности:

 

Судија Бетим Јахја

Судија Бетим Јахја

Име и презиме:
Бетим Јахја
Година на избор:
2009
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 05.10.1978 година во Тетово, во 2002 година дипломира на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 2005 година има положено Правосуден испит на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. Од Септември 2007 година до Декември 2008 година почнува со почетна обука во Академија за судии и јавни обвинители Скопје , Република Македонија. Во Декември 2012 година се запишал на постидпомски студии по кривично право во УЈЕ Универзитетот во Тетово.

 

 

 

Работно искуство:

Од 2002 година до 2003 година се вработува како приправник во Основниот суд во Тетово. Од Март 2003 година до Септември 2005 година работи како правен референт во Комерцијална Банка АД СКопје. Од Септември 2005 година до Септември 2009 година работи како Адвокат. Во 2009 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. 

Објавени трудови и активности:

Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија и во странство и тоа на тема и место :

  • Улогата на судијата во акузаторната постапка,12-13 февруари 2013 год. во Скопје
  • Улогата на судијата во акузаторната постапка 23-24 Април 2013 год., Скопје
  • Студиски престој во Бостон САД , 6 -13 Октомври 2013 година
  • Конференција за борба против корупција:судска етика и превенција од гонење на случаи на корупција-10-11 Јули , 2014 год. Охрид
  • Примена на новиот ЗКП 12-13 Јуни Берово
  • Спроведување на правдата , Хаг , Холандија 19-29 октомври 2014 година
  • Правни механизми и механизми на граѓанското општество за справување со говор на омраза, 12 Декември 2014 год. Скопје
  • Финансиска истрага и конфискација на имот -31 Мај -6 Јуни 2014 год. , Варна Р.Булгариа

Судија Борка Златеска

Судија Борка Златеска

Име и презиме:
Борка Златеска
Година на избор:
2001
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена на ден 02.09.1954 година со село Вратница Тетовско. Во 1984 година дипломира на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. ,каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 1990 година има положено Правосуден испит пред Испитна комисија за полагање на правосуден испит на Републичкиот секретаријат за правосудство и управа Скопје.

Работно искуство:

Од 1991 година до 2001 година работи како стручен сорабтник во Основниот суд во Тетово. Во 2001 година со одлука на Судски совет на Р.М е избрана за судија во Основен суд Тетово.  

Објавени трудови и активности:

 

Судија Василка Маринковиќ

Судија Василка Маринковиќ

Име и презиме:
Василка Маринковиќ
Година на избор:
1988
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Родена на ден 03.04.1958 година во Тетово. На ден 26.03.1982 година дипломира на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник.Во 1988 година има положено Правосуден испит пред Испитна комисија за полагање на правосуден испит при Републичкиот секретаријат за правосудство и управа Скопје .

 

Работно искуство:

Од Јануари 1983 година до Септември 1988 година се вработува во Осигурителната компанија ЗОИЛ Македонија (сегашен КЈУБИ) каде го исполнува условот од 5 години работно искуство за можност за полагање на правосуден испит. На 22.09.1988 година со одлука на Судски совет на Р.М е избрана за судија во Основен суд Тетово. На 15.07.1996 година реизбрана за судија во Основниот суд во Тетово. Од 2006 година до 2010 година работи во граѓанска материја, каде поради здравствени причини од 2010 година е префлена во прекршочна материја .

Објавени трудови и активности:

 

Судија Верка Костовска

Судија Верка Костовска

Име и презиме:
Верка Костовска
Година на избор:
1986
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роденa 1960 година во Кочани, во 1983 година дипломирала на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје. ,каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 1985 година има положено Правосуден испит на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје

На ден 12.07.2001 година се има стекнато со академски степен магистар по правни науки на постдипломски студии на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје,  на тема “ПАРИЧНА КАЗНА “. На ден 11.04.2016 година се има стекнато научен степен  ДОКТОР ПО ПРАВНИ НАУКИ  по одбрана на докторска дисертација на тема “ОДМЕРУВАЊЕ КАЗНА ЗА КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО СТЕК“  на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

За прв пат се има вработено во 1984 година во Основниот суд во Тетово како приправник. Од 1985 година до 1986 година работи како стручен соработник во Основен суд Тетово. Во 1986 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. 

Објавени трудови и активности:

Има завземено учество на повеќе семинари и обуки, сопствени реферати за : парична казна, вештачење, притвор.

Има учествувано во работна група за измени на Кривичен законик на Република Македонија.

Судија Драган Ѓеровски

Судија Драган Ѓеровски

Име и презиме:
Драган Ѓеровски
Година на избор:
1987
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Роден на 10.04.1956 година во Тетово, во 1979 година дипломира на правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Во 1982 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје . 

Работно искуство:

Од 1982 година до 1986 година работи како Адвокат во Тетово. Во 1987 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.  

Објавени трудови и активности:

 

Судија Душанка Мерџановска

Судија Душанка Мерџановска

Име и презиме:
Душанка Мерџановска
Година на избор:
1997
Област на која работи судијата:
Вонпарнична област

Образование:

Роденa на 14.04.1958 година во Алексинац  Република Србија ,во 1981 година дипломира на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. На 16.04.1987 година има положено Правосуден испит на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

За прв пат се има вработено во 1988 година во Основниот суд во Тетово како приправник. Од 1991 година до 1997 година работи како стручен соработник во Основен суд Тетово. Во 1997 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово. 

Објавени трудови и активности:

 

Судија Ивица Николовски

Судија Ивица Николовски

Име и презиме:
Ивица Николовски
Година на избор:
2006
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Делегиран во друг суд на Република Македонија во Основен суд Скопје 1

Работно искуство:

 

Објавени трудови и активности:

 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_