За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

Именик на Судиите

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Тетово се ангажирани 26 судии и тоа: 

Претседател

CV на Претседател

Судија Хасан Асани

Име и презиме:
Хасан Асани
Година на избор:
2017
Област на која работи судијата:
Претседател

Образование:

 Роден на 15.10.1976 година во село Челопек Општина Брвеница Тетовско.

 Во 2001 година дипломира на правниот факултет при Државниот  универзитет во Тетово, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. 

Во 2020 година Магистар по правни науки од областа на Казненото Право на факултет за правни и политички науки при Американски Универзитет на Европа - ФОН Скопје.

Во 2008 година има положено Правосуден испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Во 2013 година има положено нотаски испит .

Работно искуство:

 Од 2006 година до 2007 година работи како Секретар - правник при ЈЗУ Здравствен дом Тетово.

Од 2007 госина до 2008 година работи како соработник во Влада на Република Македонија.

Од 2008 до 2012 година работи како Судски сорабтник во Основниот суд во Тетово. 

Во 2012 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово ,каде работи како судија во кривична област .

Со одлука на судски совет на РМ на ден 23.11.2017 избран за Претседател на Основен Суд Тетово.

Од 29.11.2021 година избран како В.Д. Претседател на Основен Суд Тетово.

Од 2020 година избран заменик член на Управен одбор на Академија за судии и јавни обвинители на РСМ. 

Со одлука на судски совет на РМ на ден 2023 повторно  избран за Претседател на Основен Суд Тетово.

Објавени трудови и активности:

 

Има учествувано на повеќе семинари и конференции во Македонија  и тоа на тема и место :

 

1. Пречекорување на овластување со примена на тортура 07. Ноември 2012 година СКОПЈЕ

2. Кривични дела против јавниот сообраќај/криминалистичка и судска медицина – примена при увид во сообраќајни незгоди 22.ноември 2012 година СКОПЈЕ

3. Закон за кривична постапка –истражна постапка од 18 до 20.03.2013 година во СКОПЈЕ

4. Компјутерскиот криминал во поглед на повреда на авторското и сродните права 02 април 2013 година СКОПЈЕ

5. Кривични дела против човечноста и меѓународното право, со посебен осврт на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19. Април 2013 година СКОПЈЕ

6. Практична примена на законот за малолетничка правда 25 април 2013 година СКОПЈЕ

7. Одговорност на правни лица 14. Мај 2013 година СКОПЈЕ

8. Конфискација на приноси од кривични дела / улога на органите надлежни за управување со конфискуванниот имот од 20 до 21 мај 2013 година СКОПЈЕ

9. Психијатриско вештачење како доказ во кривичната постапка вп врска со пресметливоста на сторителот на кривично дело 06 јуни 2013 година СКОПЈЕ

10. Закон за кривична постапка – предистражна постапка од 04до 06.09.2013 година во СКОПЈЕ

11.Заштита на деца шртви на кривични дела и сведоци во кривична постапка 11.03.2014 година СКОПЈЕ

12.Даночно затајување и разграничување со перењена пари 19 март 2014 година СКОПЈЕ

13.Закон за кривична постапка – посебни постапки од 10 до 11.04.2014 година во СКОПЈЕ

14.Практична примена на законот за правда за деца април-2014 година СКОПЈЕ

15.Поткуп, противзаконито посредување 09.мај 2014 година СКОПЈЕ

16.Упатство за водење на истрага и истражни дејствија од 27 до 28 мај 2014 година СКОПЈЕ

17.Постапување по обвинение и спогодување на вина 04-05 јуни 2014 година СКОПЈЕ

18.Улогата на затворскиот инспекторат и јакнење на координацијата помеѓу внатрешните и надворешните тела за инспекција на казнено-поправните установи 12.09.2014 – СКОПЈЕ

19.Закон за кривична постапка – Главна расправа од 15 до 17.09.2014 година во СКОПЈЕ

20.Подобрување на постапување со лицата на кои им е ограничено правото на слобода на движење 15 октомври 2014 СКОПЈЕ

21.Начело на казнување на жртвите на трговија со луѓе во меѓународното и домашното право и практика 12 ноември 2014 СКОПЈЕ

22.Борба против организиран криминал со фокус на трговија со луѓе и кријумчарење на мигранти 19-20 март 2015 година СКОПЈЕ

23.Јакнење на координацијата помеѓу телата за внатрешен и надворешен инспекциски надзор над работата на затворите од 07 до 09. Октомври 2015 СКОПЈЕ

24.Примена на Закон за прекршоци 15.10.2015 година – СКОПЈЕ

25.Справување со криминал од омраза 21-22.10.2015 година Попова Шапка – Тетово

26.Практична примена на Законот за Одредување на видот и одмерување на висината на казната 19-февруари-2016 СКОПЈЕ

27.Практична примена на ЗКП Испитување осомничен, сведок, вештак 07-март-2016 ГОСТИВАР

28.Меѓународна соработка во кривична материја/Екстрадиција 7-8 април 2016 СКОПЈЕ

29.И други

 

Судиите

Судија Реџеп Муса

Судија Реџеп Муса

Име и презиме:
Реџеп Муса
Година на избор:
2023
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

      Роден на 20.01.1979 во Тетово во 2008 година дипломира на Правниот факултет при Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово каде се стекнува со звање дипломиран правник.   

       Во 2016 година има положено Правосуден испит при Министерство за правда на Република Северна Македонија.

       Во 2021 година има запишано втор циклус на студии во Универзитет на Југоситочна Европа во Тетово на насока граѓанско право.

Работно искуство:

       Од 2000 година до 2005 година работел во приватно друштво за сметководтсво и градежништво „ИНТЕР ПРОЈЕКТ“ Тетово со работни задачи давање на сметководствени услуги.

      Од 2008 година до 2010 година бил ангажиран како приправник-волонтер во Основен суд Тетово.

       Во периодот од 2010 година до 2013 година бил вработен во Владата на Република Северна Македонија, поточно во Секретаријат за спроведување на Рамковниот Договор, на работно место државен службеник-приправник.

     Од 2013 година до 2020 година работел во Основен суд Тетово на работно место стручен соработник – помлад судски соработник.

      Од 2020 година до 2023 година бил во работен однос во Академијата за судии и јавни обвинители Скопје со занимање/работно место слушател на почетна обука.

            Избран е за судија во Основен суд Тетово на ден 01.09.2023 година и работи во граѓанска материја.

 

Објавени трудови и активности:

Од 07.02.2022 година до 10.02.2022 година  – Учество на онлајн обуки  организирани од Јавното обвинителство на РСМ во соработка со АСЈО , во рамки на Твининг проектот ,,Градење на институционалниот капацитет на изтражниот центар’’ на тема:,,Криптовалути и финансиски истраги’’ кои ќе се одржат во следните термини:

На ден 09.02.2022 година – Учествувал на презентација организирана од  г-а Lecomteкандидат на Државната правосудна академија на Република Франција на тема: „ правосудниот систем на Република Франција“.

На ден 24.02.2022 година – Учество на онлајн работилница организирана од Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје во соработка со АСЈО на тема: ,, Соработници на правдата’’.

На ден 23.03.2022 година – Учество на онлајн работилница организирана од Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД во Скопје во соработка со АСЈО  на тема: Конфискација на имот и имотна корист.

На ден 16.05.2022 година – Учество на вебинар организирна од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје на тема Стандарди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за посебни истражни мерки во контекст на правото на правично судење (чл. 6 од ЕКЧП).

На ден 20.05.2022 година– учествувал на обука на тема Вештини за водење на постапка одржана во хотел Хилтон во Скопје.

На ден 08.06.2022 година– Учество на правна конференција  организирана од Правниот факултет при Университет на југоисточна европа на теми: ,Психологија на убедување ,  Како да се подготвиме за директно испрашување,  Вкрстено испрашување, Демонстрација на директно  и вкрстено испрашување одржана во УЈИЕ – СКопје.

На ден 03.06.2022 година - Учество на вебинар организиран од Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ) и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје тема Примена на посебни истражни мерки во контекст на заедничките истражни тимови – водење ефективни кривични истраги земајќи ја во обзир потребата за почитување на правото на привотност и правото на правично судење.

На ден 15.06.2022 година учество на обука организирана од  Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДЦАФ ) и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Скопје во хотел Мериот Скопје на тема Предизвици во спроведувањето на посебните истражни мерки.

Во деновите од06.07.2022 година до 07.07.2022 годинаучество на обука организирана од Државната правосудна Академија на Република Франција (ENM) во сорабоитка со АСЈО на тема „Кривични дела против животната средина“.

Од 18.06.2023 година до 23.06.2023 година  – Студиска посета во Бон, РС Германија организирана од Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) на која се споделуваа искуства на правните експерти од СР Германија од областа на граѓанската материја.

Од 14.03.2024 година до 15.03.2024 година – учество на семинар одржан во Националниот институт за правосудство во Софија, Р.Бугарија организиран од страна на меѓународна организација „ERA“.

Судија Садула Изаири

Судија Садула Изаири

Име и презиме:
Садула Изаири
Година на избор:
2008
Област на која работи судијата:
Кривична оласт

Образование:

Роден на 17.10.1969 година во Тетово, во 1994 година дипломира на правниот факултет на универзитетот во Приштина Република Косово, каде се има стекнато со звање дипломиран праник . Во 2004 година го положува правосудниот испит на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

Од 1998 година до 2000 година работи како управител во приватна фирма во Тетово. Од 2001 година до 2005 година работи како секретар во Општина Боговиње Тетовско. Од 2005 до 2006 година работи како Адвокат во Тетово. Од 2005 година до 2008 година работи како генерален директор во Македонски пошти. Во 2008 година со одлука на Судски совет на Р.М е избран за судија во Основен суд Тетово.

Објавени трудови и активности:

Завзема учество на Семинари организиранини од Академија на судии и јавни обвинители, по кривична материја.

Судија Теодора Евтимовска Бојковска

Судија Теодора Евтимовска Бојковска

Име и презиме:
Теодора Евтимовска Бојковска
Година на избор:
2023
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

       Родена на ден 28.12.1971 година во Тетово. Основно и средно образование завршено во Тетово, а на ден 28.11.1995 година дипломирала на Правниот факултет “Свети Кирил и Методиј“ Скопје. 2000 година положила правосуден испит пред Комисијата за полагање на правосуден испит при Министерството за правда на РМ-Скопје.

Работно искуство:

         Од 2002 година вработена како стручен соработник во Основниот суд Тетово. На 18.11.2008 година избрана за Судија на Основниот суд Гостивар. Од месец јуни 2021 година до 01.05.2022 година била Заменик на Претседателот на Основниот суд Гостивар и Претседател на граѓанскиот оддел на судот. Со Одлука на Судскиот совет на РСМ донесена на ден 25.1.2023 година времено е упатена за вршење на судиската функција во Основниот суд Тетово за период од една година.

Објавени трудови и активности:

      Во период од 20.9.2021 година до 14.12.2022 година била определена како координатор и ментор за спроведување на практична настава на кандидат за судија определена од Академијата за судии и јавни обвинители Скопје.

Судија Хуриете Цека

Судија Хуриете Цека

Име и презиме:
Хуриете Цека
Година на избор:
2012
Област на која работи судијата:
Прекршочна област

Образование:

Родена на ден 03.12.1972 година во Тетово. Во 2001 година има завршено Правен Факултет на Универзитетот во Тирана Република Албанија, каде се има стекнато со звање дипломиран правник. Правосуден испит има положено во 2005 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан I” Скопје.

Работно искуство:

Во период од 2002 година до 2004 година има работено како Приправник во Основниот суд во Тетово, како Стручен соработник во Основен суд Тетово од 2009 година до 2012 година. Во 2012 година со одлука на Судски совет на Р.М е избрана за судија во Основен суд Тетово.

Прва<12>Последна

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_