За судиите [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

За судиите

За решавање на предмети од надлежноста на Основниот суд Велес постапуваат 12 судии и тоа:

Претседател

CV на Претседател

Судија Биљана Јачева

Име и презиме:
Биљана Јачева
Година на избор:
19.03.2004
Област на која работи судијата:
Според Годишниот распоред за работа постапува по предмети од судска управа, граѓански и трговски спорови.

Образование:

 

    Дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1990 година.
    Правосуден испит положила на 19.06.1993 година. 
    Течно зборува Англиски јазик и активно се служи со компјутерска технологија.

   

Работно искуство:

   Во периодот од 19.06.1991 година до 30.04.1992 година обавува пракса како судски приправник –волонтер во Основен суд Велес.

  Засновала работен однос на работно место приправник во Основен суд Велес на ден 01.05.1992 година.

   Во периодот од 19.06.1993 година до 18.03.2004 година работи како стручен соработник .

  На 19.03.2004 година е избрана за судија на Основен суд Велес и постапувала по граѓански предмети, трговски спорови, постапки по приговор на платен налог и по приговор на решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа, како стечаен судија и претседател на стечаен совет во стечајни предмети  и ликвидации, како и член на кривичен совет. Денес постапува  по трговски спорови, стечај, во постапки по приговор на решение за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа.

  Од изборот за судија до 2014 година била Заменик претседател на трговски оддел и Заменик претседател на граѓански оддел.

 Во периодот од 2014 година заклучно со 2018 година ја извршува функцијата Заменик Претседател на Основен суд Велес.

 Од 29.12.2023 е именувана за Вршител на должноста претседател на Основен суд Велес.

 

Објавени трудови и активности:

   Од страна на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители на РМ во 2011  година назначена е за предавач на Академијата од областа на трговското право.

   Како предавач на континуирана обука на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на РМ има реализирано повеќе од 50 презентации од областа на трговското и стечајното право како и презентации од областа на граѓанското право на семинари организирани од Академијата и на работилници и тркалезни маси организирани во  соработка на Академијата со Комората на стечајни управници на РМ и Здружението на правници на РМ, Стопанска комора на РМ.

  Во периодот 2014/2015 и 2016/2017 година била предавач на теоретска настава на   петата и шестата генерација на слушатели на почетна обука во Академијата на судии и јавни обвинители на РМ од областа на трговското право.

   Како претставник на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на тркалезна маса организирана од ЕБРД (Европска банка за обнова и развој) во Софија-Бугарија во 2013 година учествувала со презентација на тема Соочување со предизвиците во трговските спорови на земјите од југо-источна Европа.

   Судијата преку Академијата за обука на судии и јавни обвинители учествувала и на:

  - Во  2009 година на Тренинг програма за национални судии на тема Конкурентно право на Европската унија во Никозија Република Кипар

    - Во периодот од 06-19.12.2009 година во рамки на Програмата за размена на судии преку Европска мрежа за судска обука (ЕЈТН) во Хелсинки-Финска и Талин-Естонија, обука на тема Запознавање со правосудниот систем на Финска и Естонија.

  - Во рамки на Проектот “Основни принципи на зајакнување на капацитетите на правосудството-Диференцирано управување со предметите во судовите“, студиско патување во Вашингтон (USA) како член  во работна група формирана од Судски совет наРепублика Македонија.

   - Во 2012 година, студиска посета на национални судии во Европската патентна организација  во Минхен Германија на темаПатентно право.

   - Во 2013 година, конференција во Европската патентна организација во Минхен Германија на тема “Клучни одлуки на Апелациониот совет“.

   - Во 2013 година, семинар за Европско конкурентно право за Национални судии во Будимпешта на тема “Ограничување на договорите, случаи, трендови и отворени прашања“ .

 - Во 2015 година, семинар за национални судии во Европската патентна организација  во Минхен - Германија на тема  “ Развој на патентното право од областа на фармацијата“.

 - Тренинг програмата на тема “Управување со правдата“ организирана од Matra rule of law Training Programme  во Холандија во пеиодот од 7-16 јуни 2017 г.

    -   Во втората мултилатерална хоспитациона програма за граѓански и трговски судии кои говорат англиски јазик која се спроведе организирана  од ИРЗ, во соработка со Сојузот на германските судии и покраинските министерства за правда во периодот 10.-24.10.2017 година  во Германија.

  Судијата во 2013 година има објавен стручен труд во списанието “Правник“ на тема “Отворени прашања и дилеми во врска со Законот за заклучување на стечајни постапки“.

Судиите

Судија Ангел Трипчев

Судија Ангел Трипчев

Име и презиме:
Ангел Трипчев
Година на избор:
28.12.2012
Област на која работи судијата:
Кривична - прекршочна област и стечајни предмети

Образование:

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 2005 година -отсек Граѓанско право.

Во 2008 година положил правосуден и адвокатски испит

Работно искуство:

Во периодот од 2004 година до 2005 година земал учество во Изборна набљудувачка мисија на OSCE-Канцеларија за демократски институции и човекови права

Во периодот од 2005 година до 2008 година работи во адвокатска канцеларија како адвокатски приправник

Од 2008 година до 28.12.2012 година работи како адвокат.

На 28.12.2012 година е избран за судија на Основен суд Велес, каде постапувал по вонпарнични и стечајни предмети, денес постапува по кривични и прекршочни предмети.

Судија Аница Теова

Судија Аница Теова

Име и презиме:
Аница Теова
Година на избор:
15.02.2005
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Во 1996 година дипломира на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во 1999 година положила правосуден испит

Судијата има основно познавање на Англиски јазик и активно се служи со компјутерска технологија.

 

Работно искуство:

Во периодот од 1997 година до 1999 година работи како приправник во Основен суд Велес

Од 1999 година до 2005 година работи како стручен соработник во Основното јавно обвинителство Велес.

Во 2005 година е избрана за судија на Основен суд Велес. Како судија до 2010 година постапува по прекршочни предмети, од 2010 година до 2015 година постапува по граѓански предмети, а од 2015 година до денес работи како судија за извршување на санкции

Од јануари 2024 година е Претседател на Кривичниот  судски оддел на Основен суд Велес.

Судија Бојанчо Донев

Судија Бојанчо Донев

Име и презиме:
Бојанчо Донев
Година на избор:
20.05.2008
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломира на Правниот факултет Св.Кирил и Методиј во Скопје -правосудна насока на ден 25.12.1990 година

Правосуден испит положил во 19.04.1994 година.

Работно искуство:

Во периодот од 10.06.1994 година до 20.05.2008 година работи како адвокат.

На 20.05.2008 година е избран за судија на Основен суд Велес, каде постапува по кривични  предмети.

Судија Валентина Ѓорѓиевска

Судија Валентина Ѓорѓиевска

Име и презиме:
Валентина Ѓорѓиевска
Година на избор:
06.02.2008
Област на која работи судијата:
Кривична област

Образование:

Дипломира на Правен фактултет Јустинијан Први при Универзитет Кирил и Методиј во Скопје на 31.10.1990 година.

Положила правосуден испит во 2002 година.

Има познавање од руски јазик и информатичка технологија.

Работно искуство:

Во период од 1994 година до 2002 година вработена во Агрокомбинат Лозар во Велес како референт за работни односи и застапување.

Во периодот од 11.06.2004 година до 05.02.2008 година работи како адвокат.

Избрана за судија на 06.02.2008 година. До месец февруари 2009 година постапува како судија за прекршоци, а од 01.03.2009 година постапувала во трговски спорови, спорови по платни налози, стечај и ликвидација.

Денес постапува по кривични предмети.

Судија Валентина Петровска

Судија Валентина Петровска

Име и презиме:
Валентина Петровска
Година на избор:
27.06.1996
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломира на Правниот факултет во Битола на 21.11.1985 година. Правосуден испит положила на 20.06.1990 година во Скопје.

Има познавање од областа на работа со компјутери. Учествувала на семинири и организирани обуки од Академијата за судии и јавни обвинители за граѓанска, стечајна и трговска област и од Министерството за правда на РМ за стечајна област.  

Работно искуство:

На 16.05.1986 година вработена во Фабриката за масло Благој Ѓорев АД Велес во која до 16.05.1987 година работи како приправник, во периодот од 16.06.1987 година до 30.09.1994 година како правен референт и во периодот од 01.10.1994 година до 27.06.1996 година како референт за застапување и директор на правен сектор.

На 01.07.1996 година избрана е за судија во Основен суд Велес. Има постапувано по граѓански и вонпроцесни предмети, предмети од работен однос, како член на кривичен и стечаен совет до 31.01.2002 година. Од 01.02.2002 година постапувала по стопански, стечајни, ликвидациони и управно -сметководствени предмети и како претседател на стечаен совет и член на стечаен совет во стечајните предмети по кои постапувал стечаен совет. Од 2005 година до февруари 2008 година била одговорен судија на стопанскиот отсек во судот а од 2009 до 16.07.2012 година била претседател на трговскиот оддел во судот. Во 2012 и 2013 година била Заменик на Претседателот на Основниот суд во Велес, а со одлука на Судскиот Совет на РМ од 13.03.2014 година била именувана за Вршител на должноста Претседател на Основниот суд Велес се до 29.04.2015 година.

Судијата во моментот работи на трговски спорови, спорови од индустриска сопственост, спорови од мала вредност, предмети по платни налози и приговори по платен налог како и стечајни предмети кои се во тек до нивно завршување.

Објавени трудови и активности:

Од Академијата за судии и јавни обвинители во 2014/2015 година била определена за ментор за изведување на практична обука на кандидат за судии и јавни обвинители од областа на трговски спорови.

Судија Виолета Мојсова

Судија Виолета Мојсова

Име и презиме:
Виолета Мојсова
Година на избор:
29.12.1988
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1986 година.

Правосуден испит положила во 1987 година.

Има основно познавање на англиски јазик и активно се служи со компјутерска технологија.

 

Работно искуство:

Од 1986 до 1987 година работи како приправник во Основен суд Велес.

Од 1987 до 1988 година работи како стручен соработник во Основен суд Велес.

На 29.12.1988 година е избрана за судија на Основен суд Велес и во периодот од 1988 до 1997 година постапувала по вонпарнични предмети, а од 1997 до денес постапува по парнични предмети.

Во периодот од 2002 до 2006 година била Претседател на граѓански оддел .

Од 2006 година до 22.02.2010 година била Заменик на Претседателот на Основен суд Велес.

Од 23.02.2010 година до 07.12.2010 година била Вршител на должност Претседател на Основен суд Велес.

Од 01.01.2011 година до 31.12.2011 година била Заменик на Претседателот на Основен суд Велес. 

Од јануари 2024 година е Претседател на Граѓанскиот судски оддел на Основен суд Велес

Од 24.01.2024 година се определува за Заменик на Претседателот на Основен суд Велес.

Објавени трудови и активности:

Во периодот од 2010 година до 2014 година била член на Управниот одбор на Зружението на судии на РМ.

На ден 18 и 19.12.2010 година како член на Управниот одбор на Здружението на судии на РМ учествувала на Регионалната конференција во Белград на тема „Стандарди на судиската етика“.

Од Академијата за судии и јавни обвинители Скопје во 2014/2015 година била определена за ментор за парнична постапка и координатор за изведување на практична обука на кандидат за судии и јавни обвинители. 

Судија Дара Арсова

Судија Дара Арсова

Име и презиме:
Дара Арсова
Година на избор:
05.09.2016
Област на која работи судијата:
Граѓанска област и стечајни предмети

Образование:

Дипломира на Правен Факултет Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје на 19.03.1997 година.

Правосуден испит положила на 14.04.2000 година

Стекнала звање Магистер по право од областа на финансии и финансово право при Правен Факултет – Јустинијан Први во Скопје – Универзитет СВ. Кирил и Методиј Скопје

 

Работно искуство:

Во периодот од 1997 година до 2000 година е ангажирана како адвокатски приправник во адвокатска канцеларија на адвокат Никола Додевски од Скопје, a во периодот од 01.07.2000 година до 03.05.2010 година вработена е како адвокат во истата адвокатска канцеларија.

Во периодот од 06.05.2010 година до 01.11.2013 година работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија со седиште во Велес .

На ден 10.02.2016 година, завршува почетна обука на Акедемијата за судии и јавни обвинители во Скопје, а на 05.09.2016 година како кандидат од Академијата за судии и обвинители е избрана за судија на Основен суд Велес.

Од 02.01.2024 година е Одговорно лице за односи со јавност-портпарол на Основен суд Велес.

Од 02.01.2024 до 23.01.2024 година  беше  Заменик Претседател на Основен суд Велес.

Постапува по парнични предмети, стечај, ликвидација, трговски спорови и приговори против налози за извршување.

 

Судија Дејан Перчинковски

Судија Дејан Перчинковски

Име и презиме:
Дејан Перчинковски
Година на избор:
06.02.2008
Област на која работи судијата:
Кривична - прекршочна област

Образование:

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1996 година.

Правосуден испит положила во 1998 година.

Работно искуство:

Во периодот од 1998 година до 2000 година работел како адвокатски приправник и адвокатски стручен сорабатник.

Од 2000 година до 2008 година работел како адвокат.

На 06.02.2008 година е избран за судија на Основен суд Велес каде постапувал по прекршочни предмети, трговски предмети, а сега постапува по кривични и прекршочни предмети. 

Објавени трудови и активности:

Во периодот од 2014/2015 година судијата бил ангажиран како ментор при Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев од Скопје.

Судија Емина Калач

Судија Емина Калач

Име и презиме:
Емина Калач
Година на избор:
28.12.2012
Област на која работи судијата:
Кривична - прекршочна област

Образование:

    Дипломирала на Правниот факултет при Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје 2000 година

    Правосуден испит положила 2004 година

Работно искуство:

 

   Од 2000 година до 2001 година работела како волонтер во Адвокатска канцеларија во Куманово

   Од 2001 година до 2012 година работела во Основен суд Куманово како волонтер-приправник, потоа како судски приправник и судски соработник

   На 28.12.2012 година е избран за судија на Основен суд Велес и постапувала по прекршочни предмети и стечај.

Судија Лорета Тодорова

Судија Лорета Тодорова

Име и презиме:
Лорета Тодорова
Година на избор:
27.06.1996
Област на која работи судијата:
Граѓанска област

Образование:

1987 година дипломира на Првниот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје ( правосудна насока)

Во 1990 година положува правосуден испит и работи како стручен соработник.

Го познава Англискиот јазик и активно се служи со компјутерска технологија.

Работно искуство:

Вработена во Општински суд за прекршоци на 01.05.1988 година како приправник, а од 1990 година работи како стручен соработник.

На 27.06.1996 година била избрана за судија во Основен суд Велес каде до месец јануари 2002 година постапувала по стечајни предмети, граѓански, стопански и управно-сметководни спорови. Од 2002 година како судија постапува по парнични предмети.

Објавени трудови и активности:

Во периодот од 2007 година до 2011 година судијата била член на дисциплинската комисија при Комората на извршители на Република Македонија надлежна за подрачјето на Основен суд Велес.

Во периодот од 2007 година до 2010 година била претседател на Комисијата за јавни набавки при Основен суд Велес.

Од Академијата за судии и јавни обвинители Скопје во периодот 2014/2015 година била определена за ментор за изведување на практична обука на кандидат за судии и јавни обвинители. 

Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_

Најнови вести


Сите вести