Оглас за избор на судии-поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Оглас за избор на судии-поротници

News  |  Nov 2, 2020
Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3 од Законот за судовите (Сл.весник на РСМ бр.58/06), чл.7 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите (Сл.весник на РСМ 83/2018) и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот на ден 14.11.2020 година, на ден 29.10.2020 година, го објавува следниот:

 

О Г Л А С

за избор на 30 судии-поротници во Основен суд Велес

 

 

I. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:

 

1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија

2. да има завршено најмалку средно образование

3. активно да го владее македонскиот јазик

4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник

5. да не е постар од 60 години.

 

II. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

 

III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

-Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),

-Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).

 

IV. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

 

 

Основен суд Велес

 

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_