ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/20

Новости  |  14.1.2020
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
СУ-04.7-1/20
13.01.2020 година
Велес
 
Врз основа на чл.18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) а в.в.чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи (Сл.весник бр. 74/15 и бр.120/18) Претседателот на Основен суд Велес објавува:
 
 
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/20
 
За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2020 година за следните работни места:
 
1. Судски референт - дактилограф 2 (два) извршители
Посебни услови - потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- најмалку една година работно искуство во струката
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 17.167,00 денари
 
2.Помлад судски референт - доставувач 2 (два) извршители
Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- со или без работно искуство во струката
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.906,00 денари т
 
3.Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
 
4.Останати права и обврски за секое од работните места
Работни часа : 40 неделно
Работни денови : од понеделник до петок
Работно време : од 07,30 до 15.30 часот
Дневна пауза : од 11.00 до 11.30 часо
 
Пријавата за вработување може да се подигне од приемна писарница во судот или од веб-страна на судот: http://www.osveles.mk/
 
Пополнетата пријава со докази за исполнување на општите и посебни услови во оригинал или копија заверена на нотар, се доставуваат преку приемната писарница во судот или по пошта на адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември„ бр.53 Велес, со назнака „за јавен оглас бр.1/20“.
 
Рокот за пријавување е 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (без да се смета денот на објавување).
 
Ненавремена, нецелосна, неуредно пoполнета пријава, или пријава во која се внесени лажни податоци, нема да се разгледува.
 
Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
 
 
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
 
 
Лице за контакт:
Љуба Андоновска
помлад судски соработник
тел. 075-484-442
 
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_