Одлука за избор по Јавен оглас 2/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по Јавен оглас 2/20

Новости  |  04.12.2020
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
СУ-07.бр.69-5/20
03.12.2020 год.
В Е Л Е С

 

Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/20, за вработување на судски службеници на неопределено време, за работно место Помлад судски референт- доставувач категорија Г, ниво Г4, 2 (два) извршители, по доставениот Предлог на кандидат за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.91-2/20-5 од 01.12.2020 година, на ден 03.12.2020 година, ја донесе следната:

 

О Д Л У К А

 

За работно место Помлад судски референт-доставувач категорија Г, ниво Г4,

2 (два) извршители, се избираат кандидатите:

 

1. ТАТЈАНА ЃОРЃИЕВА ТЕМЕЛКОВА

2. ЉУПКА НАКОВА

 

По конечноста на одлуката за избраните кандидати ќе се донесе решение за вработување.

 

О б р а з л о ж е н и е

 

Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден 16.10.2020 година, објавен е Јавен оглас бр.2/20 за вработување на неопределено време на судски службеници за работно место Помлад судски референт-доставувач категорија Г, ниво Г4, 2 (два) извршители.

По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници од страна на Комисијата за селекција за вработување до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Помлад судски референт-доставувач 2 (два) извршители, СУ-04.бр.91-2/20-5 од 01.12.2020 година.

Со предлогот на кандидат за вработување, Комисијата за селекција за вработување го предложи кандидатот Татјана Ѓорѓиева Темелкова од Велес која по ранг листата има освоено 84 бода од сите фази на селекцијата и кандидатот Љупка Накова од Велес која по ранг листата има освоено 76,1 бод од сите фази на селекцијата.

Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.91-2/20-5 од 01.12.2020 година , за работното место Помлад судски референт-доставувач категорија Г, ниво Г4, 2 (два) извршители, ги избира кандидатите Татјана Ѓорѓиева Темелкова од Велес и Љупка Накова од Велес.

Поради наведеното, согласно чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.

 

Судски администратор

Сузана Варналиева

 

ПРАВНА ПОУКА:

Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во

рок од 8 дена од приемот на одлуката, преку Основен суд Велес, до

Советот на судска служба.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_