Одлука по јавен оглас бр.2/22
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Одлука по јавен оглас бр.2/22
Новости
|
08.3.2023
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
СУ-07.бр.4/23-7
08.03.2023 год.
В Е Л Е С
Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.35 ст.2 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/22, за вработување на судски службеници на неопределено време, за работно место Советник - инфрматичар категорија В, ниво В1, 1 (еден) извршител, по доставеното писмо со Записник од страна на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.31/23-2 од 07.03.2023 година, на ден 08.03.2023 година, ја донесе следната:
О Д Л У К А
Не се врши избор по Јавниот оглас бр.2/22 од 07.12.2022 година, за вработвање на неопредлено време на судски службеник, за работно место Советник-информатичар, 1 (еден) извршител, од причина што пријавениот кандидат не ја поминал административната селекција.
О б р а з л о ж е н и е
Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден 27.12.2022 година, објавен е Јавен оглас бр.2/22 за вработување на неопределено време на судски службеник за работно место Советник-инфрматичар категорија В, ниво В1, 1 (еден) извршител.
Од страна на Комисијата за селекција за вработување, до судскиот администратор доставено е писмо со Записник СУ-04.бр.31/23-2 од 07.03.2023 год. во кој се наведува дека по Јавниот оглас бр.2/22 за вработување на неопределено време на судски службеник за работно место Советник - инфрматичар пријавениот кандидат не ја поминал административната слекција.
Поради наведеното следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
Судски администратор
Сузана Варналиева