ДОПОЛНИТЕЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ДОПОЛНИТЕЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Risi  |  24 Mar 2020
За работа на Основен суд Велес спрема странки за време на прогласената вонредна состојба
 
ДОПОЛНИТЕЛНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
 
за работа на Основен суд Велес спрема странки за време на прогласената вонредна состојба
 
 
Основиот суд Велес согласно Одлуката бр.02-606/1 од 17.03.2020 година за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19 донесена од Судски совет на Република Северна Македонија, Одлуката за прогласување на вонредна состојба на територија на Република Северна Македонија бр.08-519/1 од 18.03.2020 година донесена од Претседателот на Република Северна Македонија (Службен весник на РСМ бр.68 од 18.03.2020 година), Заклучокот бр.4 од Владата на Република Северна Македонија од 19.03.2020 година и Упатството за работа на Основен суд Велес спрема странки за време на прогласената вонредна состојба СУ-04.бр.37-1/20 од 23.03.2020 година донесено од претседателот на судот, известува дека:
 
За времетраење на вонредната состојба, судот продолжува да ги извршува нужните работи објавени во соопштението за јавност од 17.03.2020 година, дополнето во делот на работа со странки, како следи :
 
1.За времетраење на вонредната состојба, странките за текот на предметите ќе можат да се информираат редовно преку ажурирани соопштенија што ќе ги објавува судот на својата веб-страна и на телефонскиот број 043/ 233-622 во период од 09,00 до 11,00 часот и од 11.30 до 14,00 часот.
 
2. За времетраење на вонредната состојба претседателот на судот и судиите не примаат странки, освен од оправдани и неодложни, итни случаи.
 
3. За времетраење на вонредната состојба приемната писарница и шалтер-писарниците не примаат странки освен во случаите предвидени во точка 4 и 5 од ова соопштение.
 
4.За времетраење на вонредната состојба, се препорачува странките да вршат доставување на писмена по пошта или електронски на е-маил: kontakt@osveles.mk, освен во случаи кога се предаваат писмена за предмети со кои се бара итно постапување и прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
Влезот на странките во зградата на судот ќе биде дозволен според контролиран режим така што ќе биде дозволен само за странките, полномошниците и другите учесници во итните предмети и оние кои предаваат писмена за предмети со кои се бара итно постапување и на поднесоци што се врзани со законски преклузивни рокови и се заштитени со задолжителна опрема (заштитни маски и ракавици кои странките по можност сами да ги обезбедуваат).
 
5. За времетраење на вонредната состојба ќе се врши увид во списи само на предмети кои се итни согласно со закон и под услови предвидени со Судскиот деловник. Увидот ќе се врши во период од 9,00 до 11,00 часот и од 11,30 часот до 13,00 часот во посебна просторија и во ограничен број на странки. При вршење на увид, странките, односно полномошниците задолжително да бидат обезбедени со здравствена заштитна опрема /заштитни маски и ракавици кои по можност сами да ги обезбедуваат/.
 
6. За времетраење на вонредната состојба, во однос на легализација - заверка на исправи со печат apostile, заверка на договори, издавање уверенија, потврди, судот ќе постапува врз основа на образложено барање на странките и по потреба со доказ за од итноста, по пошта или електронски на e-mail адреса kontakt@osveles.mk, освен за странките кои немаат техничка можност за тоа, за кои се дозволува барањето да го достават во приемната писарница, обезбедени со здравствена заштитна опрема /заштитни маски и ракавици кои странките по можност сами ги обезбедуваат/.
 
7.Јавноста, странките, нивните полномошници и други учесници во постапката при доставување на своите барања задолжително да ја означат својата е-маил адреса и телефонски број, со цел да бидат контактирани и одговорите да им бидат доставувани електронски.
 
 
Со почит
 
 
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
 
   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_