Оглас за избор на судии поротници
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Оглас за избор на судии поротници
Njoftime, Risi
|
16 Kor 2024
Основен суд Велес, врз основа на чл.38 ст.3, чл.42 и чл.43 од Законот за судовите и Одлуката бр.02-2158/1 од 10.12.2015 година на Судски совет на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.219/15 од 14.12.2015 година), а во врска со потребата од избор на судии поротници поради истек на мандатот, на ден 12.07.2024 година, го објавува следниот:
О Г Л А С
за избор на 50 судии-поротници во Основен суд Велес
I. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
2. да има завршено најмалку средно образование
3. активно да го владее македонскиот јазик
4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
5. да не е постар од 60 години.
II. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.
III. Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и следните документи:
-Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),
-Уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци),
-Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање, не постара од 6 месеци).
IV. Пријавата со потребните документи и телефон за контакт да се достават до Основен суд Велес (во приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на огласот.
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС