ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКА ПРАВДА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКА ПРАВДА

Новости  |  25.10.2021

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

25.10.2021 година

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКА ПРАВДА

 

25-ти Октомври е Европски ден на граѓанска правда што секоја година се одбележува во сите држави на Европа.

Целта за негово одбележување е во сите европски држави правдата да се доближи до граѓаните и тие да се запознаат со нејзиното спроведување.

Интенцијата за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда е на граѓаните да им се овозможи одблизу да се запознаат со нивните основни права во повеќе области како и со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла (пристап до правдата, медијација, извршување на судските одлуки).

За таа цел, оваа година со оглед на актуелната состојба поврзана со вирусот Ковид 19, Основниот суд Велес во соработка со сите средни и основни училишта во општината организираше одбележувањето на Европскиот ден на правдата 25.10.2021 година за најмладите сограѓани да се изведе со активности во училиштата кои содржат: визулена посета на судот преку видео запис, презентација за значењето на овој ден, надлежноста, организацијата и историјатот на Основниот суд Велес, како и со презентација за вовед на правото на правична судска постапка согласно член 6 од Европската конвенција за заштита на човековите права, кои ќе бидат објавени на веб страните на училиштата.

Покрај тоа, Основниот суд Велес на својата веб страна ќе ги стави достапни за секој граѓанин истите електронски материјали како би можеле сите заинтересирани граѓани да се доближат до правдата и се запознаат со нивните основни права.

Овие активности, ќе бидат јавно објавени и во медиумите во соработка со нивни претставници.


 

Презентациите и видео записот можете да ги погледнeте на линковите:

ОСВелес-ЕВРОПСКИ ДЕН НА ПРАВДАТА

Европски ден на правда - чл.6 од ЕКЧП

Основен суд Велес

 


 


 


 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_