Известување за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда
Вести
- Почетна
- >
- Вести
Известување за одбележување на Европскиот ден на граѓанска правда
Известувања, Новости
|
30.10.2023





Во пресрет на одбележувањето на 25 Октомври - Европски ден на граѓанска правда 2023 година, Основниот суд Велес организираше отворен ден за граѓаните во текот на кој судот го посетија ученици и професори од средните училишта СОУ „Кочо Рацин„ Велес, ОСУ „Јовче Тесличков„ Велес и ССОУ „Коле Неделковски„ Велес.
За време на посетата учениците имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и работата на судот, надлежноста во остварувањето на основните граѓански слободи и права, како и со процедурите на управување со предметите во судот чија крајна цел е владеење на правото и ефикасна правда еднакво достапна на сите граѓани.
Учениците од средното училиште СОУ „Кочо Рацин„ Велес и ОСУ „Јовче Тесличков„ Велес им беше овозможено да следат судење во предмети од кривична постапка.
Прилог на известувањето се и фотографии од настанот.