СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА РАБОТА НА ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНА ВИРУСОТ

Новости  |  17.3.2020

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
 
Основен суд Велес согласно Одлука бр.02-606/1 од 17.03.2020 година за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19 донесена од Судски совет на Република Северна Македонија и Мислењето од Седница на судии одржана на 17.03.2020 година, известува за следното:
 
Во Основен суд Велес за времетраење на мерките за спречување на внесување и ширење на Корона вирус КОВИД - 19 ќе се извршуваат следните нужни работи:
 
  • - Кривични предмети за кои постои опасност од застарување на кривично гонење,
    - Кривични предмети за кривичните дела:
    • - Судења во кривични предмети кога обвинетиот или дел од обвинетите се во притвор, домашен притвор или према кои е изречена некоја друга мерка за обезбедување присуство на обвинетиот во постапката,
      - Кривични предмети на странките кои немаат живеалиште, односно престојувалиште во РСМ, а се затекнати во државата,
    • 1.„Пренесување заразна болест од чл.205 од КЗ“
      2.„Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија по чл.206 од КЗ“
      3.„Неукажување медицинска помош од чл.208 од КЗ“,
      4.„Спречување службено лице во вршење службено дејство по чл.382 од КЗ“,
      5. „Напад врз службено лице при вршење на работи на безбедност по чл.383 од КЗ“,
      6.„Организирање отпор по чл.387 од КЗ“,
  • - Прекршочни предмети од итна природа,
    - Предмети за примвремени мерки,
    - Предмети во кои постапката е во фаза на донесување на одлука,
- Предмети во кои постои опасност од повреда на принципот на судење во разумен рок,
  • - Предмети кои по сила на закон се итни и
    - Прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.
     
    • Основниот суд Велес проценува дека е суд со висок ризик за судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката, поради што закажаните расправи по предметите кои не се итни ќе се одлагаат, за што странките ќе бидат писмено известени од судијата.
      • Недоаѓањето на странките, нивните застапници и полномошници за предметите кои се одложени нема да предизвикаат правни последици во периодот додека траат мерките и препораките на Владата на РСМ и надлежните здравствени органи.
         
  • Странките поднесоците да ги доставуваат електронски на kontakt@osveles.mk доколку имаат технички услови за тоа.
    Потврдите и уверенијата судот ќе ги издава дневно и странките ќе можат да ги подигнуваат во 14,30 часот со приложување на пополнет и отпечатен образец и доказ за платена судска такса.
    Образец за издавање на уверенија и сметката за плаќање на судската такса се објавени на веб страната на судот (http://www.osveles.mk/).
 
 
 
         Со почит
                                                                                                                                     ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_