Јавен оглас бр.3/20 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.3/20

Новости  |  20.10.2020
           Основен суд Велес, врз основа на чл.22 и чл.23 од Законот за Работните односи  (Службен весник на РСМ бр.167/15, 27/16, 120/18 и 110/19) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Велес, СУ-04.бр.2/19 од 04.01.2019 година, на ден 16.10.2020 година објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС бр.3/20
 
            За вработување на работници на неопределено време за следното работно место:
 
            Одржувач на хигиена, шифра на работно место СУД0405А02003..............2 (два) извршители
           
            Потребна стручна подготовка:
            - средно или основно образование
            - со или без работно искуство
 
            Покрај посебните услови, кандидатите за работното место потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
     - да е државјанин на Република Македонија
            - активно да го користи македонскиот јазик
            - да е полнолетен
      - да има општа здравствена способност за работното место
            - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
 
            Основната плата за работното место изнесува 14.934,00 денари
            Работни часа - 40 неделно
            Работни денови: од понеделник до петок
            Работно време од 14,00 до 22,00 часот
 
            Кандидатите за работното место поднесуваат пријава кон која ги поднесуваат  доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар. Пријавата со документите се достават  преку приемната писарница на Основен суд Велес или по пошта на адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември“ бр.53 Велес со назнака “за јавен оглас бр.3/20“.
            Рокот за поднесување на пријавата изнесува 3 (три) работни дена сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (денот на објавување на огласот не се смета).
               Пријавите на кандидатите со непотполни докумнети нема да се разгледуваат.
            Одлуката за избор на кандидати за работното место ќе се донесе најдоцна во рок од 15 дена по завршување на огласот.
 
                                                                                                            ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_