СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО НОТАРИТЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖАН РАБОТЕН СОСТАНОК СО НОТАРИТЕ

Соопштенија за јавност  |  06.11.2025
 
   На ден 04.11.2025 година во просториите на Основен суд Велес се одржа состанок со нотарите со седиште на подрачјето на надлежниот основен суд. 
   На работниот состанок присуствуваа претседателот на судот Валентина Ѓорѓиевска, претседателот на граѓански оддел, судија Дара Арсова и нотарите Тања Аспорова, Елеонора Андреев, Магдалена Ордева, Душко Јованов, Анида Цецева и Радица Хаџи Петрушева Арсовска.
   На состанокот заеднички беше разгледана состојбата со бројот на оставинските предмети, како бројот на новопримените, така и бројот на старите нерешени оставински предмети  кои се доделени во работа на нотарите како повереници на судот, со истакнување на потребата од продолжување на тенденцијата на решавање на предметите и совладување на приливот на оставинските предмети по кои постапуваат нотарите. Се разгледа и новонастанатата состојба со престанок на вршење на нотарска служба на нотар Елена Мартинова од Велес и бројот на предмети кои беа предадени во работа на друг нотар, а заради заеднички консултации околу објективна можност за решавање на предметите и совладување на приливот на овој вид на предмети, кој реално ќе влијае на ажурноста на судот во постапувањето, а особено заради краткиот период до крај на годината.
   Работниот состанок заврши со заеднички предлог да се одржуваат почести состаноци заради разменување на мислења околу решавање на одредени спорни прашања при водењето на постапката за расправање на оставина кај нотарите, како и проблемите со кои истите се соочуваат во текот на водењето на постапката, со цел изнаоѓање на решение за брзо и ефикасно спроведување на започнатите оставински постапки.
 
 
 
                        ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_