Соопштение за склучени меморандуми за соработка [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за склучени меморандуми за соработка

Новости  |  31.3.2022

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
 
 
 
 
       На ден 30.03.2022 година, во пресрет на Денот на правосудството 31-ви Март, заради продолжување на соработката со средните училишта во Општина Велес, покрај склучениот меморандум со СОУ Јовче Тесличков во 2021 година, се склучија Меморандуми за соработка и со СОУ Гимназија Кочо Рацин од Велес и ССОУ Коле Неделковски од Велес.
 
    Основната цел на овие Меморандуми е овозможување на учениците од средните училишта во Општината, во рамки на образовниот процес преку практична настава да се запознаат со работата на судот и стекнат потребни знаења и вештини што ќе им помогнат во нивната идна професионална определба насочена кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на судството.
 
     Од друга страна, вклучувањето на учениците од ССОУ Коле Неделковски од Велес ќе овозможи зголемен интерес за нивно вклучување во започнатиот процес на дигитализација на правосудството.
 
     На овој начин се очекува да се реализираат заложбите за отворено судство и граѓанско учество со зголемен пристап на младите сограѓани во однос на работата на Основниот суд Велес, чија главна цел е зајакнување на довербата на граѓаните во остварување на заштита на нивните права.
 
 
 
 
                                                                                                                                         ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_