Одлука за избор по Јавен оглас 2/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по Јавен оглас 2/19

News  |  Oct 22, 2019
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
СУ-07.бр.66-5/19
21.10.2019 год.
В Е Л Е С
 
Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на член 36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/19, за вработување на судски службеник на неопределено време, за работно место Помлад судски референт- доставувач категорија Г, ниво Г4, еден извршител, по доставениот Предлог на кандидат за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.93-4/19 од 16.10.2019 година, на ден 21.10.2019 година, ја донесе следната:
 
О Д Л У К А
 
За работно место Помлад судски референт-доставувач категорија Г, ниво Г4, 1 (еден) извршител, се избира кандидатот:
 
ВАСИЛКА ПАНОВА
 
За избраниот кандидат ќе се донесе решение за вработување.
 
О б р а з л о ж е н и е
 
Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден 06.09.2019 година, објавен е Јавен оглас бр.2/19 за вработување на неопределено време на судски службеник за работно место Помлад судски референт-доставувач категорија Г, ниво Г4, 1 (еден) извршител.
 
По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба и чл. 20 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници од страна на Комисијата за селекција за вработување до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Помлад судски референт-доставувач СУ-04.бр.93-4/19 од 16.10.2019 година
 
Со Предлогот на кандидат за вработување, Комисијата за селекција за вработување го предложи кандидатот Василка Панова од Велес како единствен рангиран кандидат на ранг листата.
 
Судскиот администратор имајќи го во предвид Предлогот на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.93-4/19 од 16.10.2019 година, за работното место Помлад судски референт-доставувач категорија Г, ниво Г4, 1 (еден) извршител, го избира кандидатот Василка Панова од Велес.
 
Поради наведеното, согласно член 36 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
 
Судски администратор
Сузана Варналиева
 
ПРАВНА ПОУКА:
Против оваа одлука дозволена е жалба до Советот на судска служба.
   


Decision search

Court
Case number
Date
_