Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Новости  |  15.6.2021
С О О П Ш Т Е Н И Е
 
          На ден 07.06.2021 година во Основен суд Велес се одржа симулирано судење во кривична постапка, кое го изведоа ученици од Гимназијата Кочо Рацин во Велес во рамки на наставата по предметот Вовед во право.
 
          Пред почетокот на симулацијата на судење, учениците ги поздрави Претседателот на судот – Судија Лидија Димова.
 
          Во текот на симулацијата на судење со судечкиот совет претседаваше Судија м-р. Габриела Гајдова.
 
         Улогите на судии поротници, јавен обвинител, обвинет, бранител, оштетена и сведоци ги изведоа ученици од Гимназијата Кочо Рацин, а со симулираното судење, наизменично раководеа судиите поротници.
 
        Симулацијата на судење ја следеа директорот на Гимназијата Кочо Рацин Велес, претседателот на совет на родители при Гимназијата „Кочо Рацин“ Велес, професорот по вовед во право во Гимназијата „Кочо Рацин“ Велес, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Велес, јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Велес и ученици од Гимназијата „Кочо Рацин“ Велес.
 
        По завршетокот на симулацијата беа доделени сертификати за учество на сите учесници, а од страна на Гимназијата Кочо Рацин Велес, беше доделена благодарница на Основен суд Велес.

 

 
 
        Основен суд Велес
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_