Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2017 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2017 година
Новости
|
03.5.2018
С О О П Ш Т Е Н И Е
Основен суд Велес –ефикасен и ажурен суд во 2017 година
Според Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2017 година објавен на ден 02.05.2018 година, Основен суд Велес во 2017 година успеал да го совлада приливот на новопримени предмети и го намалил заостатокот на нерешени предмети.
Судот 2017 година ја започнал со вкупно 2.249 нерешени предмети од претходната година, во текот на годината се примени 14.892 предмети, така што вкупно во работа имало 17.141 предмет. Од нив решени се 15.026 предмети, а на крајот на 2017 година нерешени останале вкупно 2.115 предмети.
Од страна на Судскиот совет на Република Македонија, Основен суд Велес за 2017 година е оценет како ефикасен и ажурен суд.
Со почит,
Основен суд Велес