Одлука за избор по интерен оглас бр.1/21 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по интерен оглас бр.1/21

Новости  |  28.12.2021
 ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   СУ-07.бр.43/21-11
     28.12.2021 год.
          В Е Л Е С         
                                   
            Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.43 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) по спроведената постапка по Интерен оглас бр.1/21, за унапредување на судски службеници за работно место Судски советник, 3 (три) извршители, по доставениот Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување СУ-04.бр.146/21-3 од 27.12.2021 година, на ден 28.12.2021 година, ја донесе следната:
 
О  Д  Л  У  К  А
 
            За работно место Судски советник категорија „В“ ниво „В1“, 3 (три) извршители,  се избираат кандидатите:
 
            ЉУБА АНДОНОВСКА
            АНЧЕ АНДОНОВА
            ГОРАНЧО ЧОЛАКОВ
      
            По конечноста на одлуката ќе се донесе решение за унапредување.
 
О б р а з л о ж е н и е
           
            Од страна на Основен суд Велес на веб страната на судот на ден 13.12.2021 год. објавен е Интерен оглас бр.1/21, за унапредување на судски службеници, за работно место Судски советник, 3 (три) извршители.
 
            Од страна на Комисијата за селекција за унапредување согласно чл.5 ст.10 од  Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас доставена е Конечна ранг листа и Предлог-одлука за избор на кандидат за унапредување СУ-04.бр.146/21-3 од 27.12.2021 год.
 
            Врз основа на конечната ранг листа по Интерниот оглас, кандидатот Љуба Андоновска освоила 30 бода, кандидатот Анче Андонова освоила 29,35 бода, кандидатот Горанчо Чолаков освоил 29,35 бода, кандидатот Лидија Глигоровска Илиевска освоила 29,02 бода, кандидатот Драганчо Ризов освоил 27,85 бода, кандидатот Валентина Данаилова освоила 27,35 бода, кандидатот Ана Ваесова освоила 27,35 бода и кандидатот Наташа Папазова Бутимова освоила 26,68 бода. Со Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување, Комисијата за селекција за унапредување за работно место Судски советник ги предложи кандидатите Љуба Андоновска, Анче Андонова и Горанчо Чолаков како најдобро рангирани кандидати на ранг листата.
 
            Судскиот администратор имајќи ја предвид Предлогот-одлуката СУ-04.бр.147/21-3 од 27.12.2021 година од Комисијата за селекција за унапредување, за работното место Судски советник категорија „В“ ниво „В1“, 3 (три) извршители, ги избра кандидатите Љуба Андоновска, Анче Андонова и Горанчо Чолаков.
 
            Поради наведеното, согласно чл.43 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
                 
Судски администратор
  Сузана Варналиева
 
 
 
ПРАВНА ПОУКА:
                         Против оваа одлука незадоволниот судски службеник има право на жалба во рок од 8 дена од приемот на писменото известување за извршен избор, преку Основен суд Велес, до Советот на судска служба.
 
 
 

 

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   СУ-07.бр.43/21-12
     28.12.2021 год.
          В Е Л Е С         
                                   
            Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.43 ст.1 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) по спроведената постапка по Интерен оглас бр.1/21, за унапредување на судски службеници за работно место Виш судски референт-извршител во писарница, 2 (два) извршители, по доставениот Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување СУ-04.бр.147/21-3 од 27.12.2021 година, на ден 28.12.2021 година, ја донесе следната:
 
О  Д  Л  У  К  А
 
            За работно место Виш судски референт-извршител во писарница категорија „Г“ ниво „Г2“, 2 (два) извршители,  се избираат кандидатите:
 
            МУАМЕТ ЏЕМАИЛИ
            РАМАДАН АХМЕТИ
      
            За избраните кандидат ќе се донесе решение за унапредување.
 
О б р а з л о ж е н и е
           
            Од страна на Основен суд Велес на веб страната на судот на ден 13.12.2021 год. објавен е Интерен оглас бр.1/21, за унапредување на судски службеници, за работно место Виш судски референт-извршител во писарница, 2 (два) извршители.
 
            Од страна на Комисијата за селекција за унапредување согласно чл.5 ст.10 од  Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас доставена е Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување СУ-04.бр.147/21-3 од 27.12.2021 год.
 
            Врз основа на конечната ранг листа по Интерниот оглас, кандидатот Муамет Џемаили освоил 29,35 бода и кандидатот Рамадан Ахмети освоил 29,35 бода. Со Предлог-одлука за избор  на кандидат за унапредување, Комисијата за селекција за унапредување ги предложи кандидатите Муамет Џемаили и Рамадан Ахмети како единствени рангирани кандидати на ранг листата.
 
            Судскиот администратор имајќи го во предвид Предлог-одлуката за избор на кандидати СУ-04.бр.147/21-3 од 27.12.2021 година од Комисијата за селекција за унапредување, за работното место Виш судски референт-извршител во писарница категорија „Г“ ниво „Г2“, 2 (два) извршители, ги избра кандидатите Муамет Џемаили и Рамадан Ахмети.
 
            Поради наведеното, согласно чл.43 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
 
            Судски администратор
            Сузана Варналиева
 
ПРАВНА ПОУКА:
                         Против оваа одлука дозволена е жалба до Советот на судска служба.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_