ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/19 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/19

Новости  |  06.9.2019
            Врз основа на чл.17 став 1, чл.20 став 1 алинеја 1 и чл.25 од Законот за судска служба (Службен весник на РСМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18, 248/18) и чл.2 од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција на испитите, проверка на веродостојноста на докази и интервјуто, како и на начинот на нивно бодување и максималниот број на бодови од постапката на селекција во зависност од категориите на работни места како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници (Сл.весник на РСМ бр.236/18) и Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Велес, СУ-04 бр.2/19 од 04.01.2019 година, Основен суд Велес на ден 04.09.2019 година објавува:
 
ЈАВЕН ОГЛАС бр.2/19
 
            За вработување на судски службеник на неопределено време за следното работно место:
 
            Помлад судски референт-доставувач Категорија Г, ниво Г4, шифра на работно место СУД0101ГО4001........1 (еден) извршител
                       
            Посебни услови -потребни стручни квалификации и компетенции:
            - најмалку више или средно образование
      - со или безработно искуство во струката
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
 
            Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
             - да е државјанин на Република Македонија
             - активно да го користи македонскиот јазик
                   - да е полнолетен
             - да има општа здравствена способност за работното место
             - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
 
            Основната плата за работното место изнесува 15.265,00 денари
            Работни часа - 40 неделно
            Работни денови: од понеделник до петок
            Работно време од 07,30 до 15,30 часот
 
            Пријавата за вработувањe може да се подигнe на приемна писарница во судот или на веб-страната на судот: www.osveles.mk
            Пополнетата пријава заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар може да се достават  преку приемната писарница на Основен суд Велес или по пошта на адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември“ бр.53 Велес со назнака “за јавен оглас бр.2/19“.
            Рокот за поднесување на пријавата изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од денот на последното објавување на огласот во дневните весници (денот на објавување на огласот не се смета).
            Кандидатите кои внеле лажни податоци во пријавата се дисквалификуваат од натамошна постапка.
            Времето и датумот на одржување на административнтаа селекција, испитот и интервјуто ќе бидат објавени на веб страницата на Основен суд Велес.
                                                                                                                              ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

                      Пријава за вработување на судски службеници

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_