СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Вести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Соопштенија за јавност
|
08.5.2025
OСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
08.05.2025 година
В Е Л Е С
СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ
Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека со Пресуда К.бр.152/24 од 20.01.2025 година на Основен суд Велес потврдена со Пресуда КЖ бр.178/25 на Апелациониот суд Скопје, обвинетата В.И од В. огласена е за виновна за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 став 5 в.в. ст1 од Кривичниот Законик и под став 1 и е изречена алтернативна мерка-Условна осуда со која на обвинетата и е утврдена казна затвор во траење од 1 година и истовремено е определено дека утврдената казна затвор во траење од 1 година нема да се изврши доколку обвинетата во времето од 3-три години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
Под став 2 на обвинетата В.И од В. Изречена и е казна Забрана за вршење професија, дејност или должност како неговател во траење од 5-пет години сметано од правосилноста на пресудата.
Со почит Основен суд Велес