СООПШТЕНИЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ

Risi  |  9 Mar 2018

 

С О О П Ш Т Е Н И Е
 
 
            На ден 06.03.2018 година работна посета во Основен суд Велес остварија г-ѓа Дики Метхорст-Де Бие -Прв секретар и Регионален координатор за владеење на правото на Кралството Холандија и г-дин Ѓакуш Кабаши - Асистент за владеење на правото во Холандската Амбасада во Р.Македонија.
 
За време на посетата се разменија мислења околу ефектите од поддршката на правосудните институции во Република Македонија која Кралството Холандија во изминатиот период ја реализираше преку проекти во рамки на МАТРА - Програмата за владеење на правото, а од страна на Претседателот на судот, Претседателите на Граѓанскиот и Кривичниот судски оддел и Судскиот администратор беше презентирана работата на судот и просторните и технички капацитети за остварување на неговата надлежност, со посебен осврт на реализацијата на неколку проекти за модернизација на судството кои беа спроведени во Основен суд Велес како пилот-суд.
 
На средбата се разговараше и за предизвиците со кои судот се соочува во секојдневното работење и се разменија мислења за насоките во кои е потребно подобрување на условите преку реализација на реформски проекти за зајакнување на капацитетите на судот, како предуслов во обезбедување на судската ефикасност и независност и остварување на начелото на владеење на правото.
 
На гостите на средбата им беше искажана благодарност за досегашната соработка и размената на искуства, како и очекувањето дека и во иднина ќе продолжи поддршката од Програмата за владеење на правото на Кралството Холандија.
           
             Со почит,
            Основен суд Велес
   


Kërkoni aktgjykime/aktvendime

Gjykata
Numri i lëndës
Data
_