Објава по Јавен оглас бр.3/23
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Објава по Јавен оглас бр.3/23
Announcements, News
|
Jan 5, 2024
По објавениот Јавен оглас бр.3/23, за вработување на неопределено работно време на Судски референт -дактилограф, категорија Г, ниво Г3, шифра на работно место СУД0101Г03001 -1 (еден) извршител, Комисијата за селекција за вработување на ден 05.01.2024 година на веб-страната на Основен суд Велес објавува:
РАНГ ЛИСТА
на кандидати кои ја поминале административната селекција
со шифра и освоени бодови
шифра
|
Освоени бодови од административна селекција
|
ОСВ01
|
23,76
|
ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ЗА КОИ ПОСТАПКАТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА ЗАВРШИЛА
Комисијата констатира дека нема кандидати за кои постапката за селекција завршила, односно поднесената 1 (една) пријава е уредна и кандидатот ја помина административната селекција.
И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
за денот и часот на одржување
на втората фаза на административна селекција
Испитот по објавениот јавен оглас бр.3/23, за вработување на неопределено работно време на Судски референт -дактилограф, категорија Г, ниво Г3, шифра на работно место СУД0101Г03001 -1 (еден) извршител, ќе се одржи на ден 17.01.2024 година во 11,00 часот во просториите на Основниот суд Велес.
Испитот ќе се состои од два дела и тоа стручен дел и испит за проверка на знаење на англиски јазик - ниско ниво.
Прашањата за полагање на стручниот дел од испитот ќе бидат составени од: Закон за судска служба, Закон за управување со движењето на предметите, Закон за судовите и Судскиот деловник.
Базата на прашања за стручниот испит и за проверка на знаење на англиски јазик-ниско ниво, се објавени на веб-страната на Основен суд Велес.
Комисија за селекција за вработување