СООПШТЕНИЕ за јавност -стечај ФЕНИ ИНДУСТРИ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ за јавност -стечај ФЕНИ ИНДУСТРИ
Новости
|
07.12.2018
Во врска со стечајната постапка СТ.бр.111/17 која се води над должникот Друштво за ископ на руди, производство на метали, трговија и услоги ФЕНИ ИНДУСТРИ АД Кавадарци -во стечај, Основен суд Велес го издава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Стечајниот судија на Основен суд Велес при повторно судење по предметот донесе Решение СТ.бр.111/17 од 03.12.2018 година со кое се одобрува Планот за реорганизација на стечајниот должник прифатен од Собранието на доверители на ден 30.11.2018 година.
Решението е објавено на огласната табла на судот, а примерок од истото ќе биде доставен до стечајниот управник, до должникот и до стечајните доверители. Против решението е дозволено право на жалба во рок од 8 дена од приемот, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.
Со почит,
Основен суд Велес