Јавен оглас за вработување на судски службеници на определено време
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Јавен оглас за вработување на судски службеници на определено време
News
|
Jan 17, 2019
Су-04.бр.3/19
Врз основа на чл.18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) в.в.чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, Претседателот на Основен суд Велес објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/19
За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2019 година за следните работни места:
1. Судски референт -дактилограф 2 (два) извршители
Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- најмалку една година работно искуство во струката
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 16.446,00 денари
Работни часа – 40 неделно
Работни денови : од понеделник до петок
Работно време од 07.30 до 15.30 часот
Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот
2. Помлад судски референт-извршител во писарница 2 (два) извршители
Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
- најмалку средно или вишо образование
- со или без работно искуство во струката
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.235,00 денари
Работни часа – 40 неделно
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време од 07,30 до 15.30 часот
Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот
Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
-
да е државјанин на Република Македонија
-
да е полнолетен
-
да има општа здравствена способност за работното место
-
со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување на судски службеник која можат да ја подигнат од архивата или веб-страната на судот http://sud.mk/wps/portal/osveles/sud/ во рубрика формулари и обрасци- други барања.
Рокот за пријавување трае 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (не сметајќи го денот на објавување).
Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови кандидатите се должни да ги доставaт преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака “за Оглас бр.1/19“, на следната адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември“ бр.53 Велес.
Ненавремена, нецелосна и неуредно пoполнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
` Лице за контакт: Анче Андонова -судски соработник
тел. 075-484-225
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС