Јавен оглас за вработување на судски службеници на определено време [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас за вработување на судски службеници на определено време

Новости  |  17.1.2019
                                                                                                                                               Су-04.бр.3/19
            Врз основа на чл.18 ст.1 ал.2 и ст.6 од Законот за судска служба (Сл.весник на РМ бр.43/14, 33/15, 98/15, 6/16, 198/18 и 248/18) в.в.чл.22 и чл.23 од Законот за работни односи, Претседателот на Основен суд Велес објавува
 
ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/19
 
            За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2019 година за следните работни места:
 
            1. Судски референт -дактилограф 2 (два) извршители
           
            Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
            - најмалку средно или вишо образование
            - најмалку една година работно искуство во струката
           - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, како и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
 
            Платата на судскиот службеник ќе изнесува 16.446,00 денари
            Работни часа – 40 неделно
            Работни денови : од понеделник до петок
            Работно време од 07.30 до 15.30 часот
            Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот
 
            2. Помлад судски референт-извршител во писарница 2 (два) извршители
                       
            Посебни услови -потребни стручни кавалификации и компетенции:
            - најмалку средно или вишо образование
            - со или без работно искуство во струката
            - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).
 
            Платата на судскиот службеник ќе изнесува 15.235,00 денари
            Работни часа – 40 неделно
            Работни денови: од понеделник до петок
            Работно време од 07,30 до 15.30 часот
            Дневна пауза од 11.00 до 11.30 часот
 
            Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:
  • да е државјанин на Република Македонија
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
 
            Кандидатите се должни да поднесат Пријава за вработување на судски службеник која можат да ја подигнат од архивата или веб-страната на судот http://sud.mk/wps/portal/osveles/sud/ во рубрика формулари и обрасци- други барања.
            Рокот за пријавување трае 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (не сметајќи го денот на објавување).
            Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови кандидатите се должни да ги доставaт преку приемната писарница на судот или преку пошта со назнака за Оглас бр.1/19“, на следната адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември“ бр.53 Велес.
            Ненавремена, нецелосна и неуредно пoполнета пријава нема да биде предмет на разгледување.
            Изборот ќе се изврши во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.
           
            `                                                           Лице за контакт: Анче Андонова -судски соработник
                                                                                                тел. 075-484-225
                                                                                           ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_