СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда
Новости
|
25.10.2018
25 октомври – Европски ден на граѓанската правда - отворен ден за граѓаните
С О О П Ш Т Е Н И Е
Со организирање на отворен ден за граѓаните, денес во Основен суд Велес беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.
Во текот на отворениот ден судот го посетија ученици од Гимназијата Кочо Рацин и Средното економско училиште Јовче Тесличков од Велес, кои беа примени од Претседателот на судот, Претседателите на граѓанскиот и кривичниот судски оддел и Судскиот администратор.
На средбата учениците имаа можност одблизу да се запознаат со организацијата и работата на судот, со неговата функција и надлежност во остварувањето на основните граѓански слободи и права, како и со начинот на кој судот ја остварува својата основна мисија – владеење на правото и ефикасна правда која е подеднакво достапна на сите граѓани.
На учениците им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична и граѓанска постапка, како и самите да земат учество во улога на судија, судии-поротници и адвокати во симулација на судење од областа на Слободата на изразувањето како основно граѓанско право гарантирано со Европската конвенција за човекови права.
Со почит,
Основен суд Велес