СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ за јавност -одбележан Европскиот ден на граѓанска правда

Новости  |  25.10.2018
25 октомври – Европски ден на граѓанската правда - отворен ден за граѓаните
 
 
 
С О О П Ш Т Е Н И Е
 
 
            Со организирање на отворен ден за граѓаните, денес во Основен суд Велес беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.
 
            Во текот на отворениот ден судот го посетија ученици од Гимназијата Кочо Рацин и Средното економско училиште Јовче Тесличков од Велес, кои беа примени од  Претседателот на судот, Претседателите на граѓанскиот и кривичниот судски оддел и Судскиот администратор.
 
            На средбата учениците имаа можност одблизу да се запознаат со организацијата и работата на судот, со неговата функција и надлежност во остварувањето на основните граѓански слободи и права, како и со начинот на кој судот ја остварува својата основна мисија – владеење на правото и ефикасна правда која е подеднакво достапна на сите граѓани.
 
            На учениците им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична и граѓанска постапка, како и самите да земат учество во улога на судија, судии-поротници и адвокати во симулација на судење од областа на Слободата на изразувањето како основно граѓанско право гарантирано со Европската конвенција за човекови права.
 
 
            Со почит,
            Основен суд Велес
 
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_