Одлука по јавен оглас бр.2/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука по јавен оглас бр.2/22

Новости  |  08.3.2023
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС 
   СУ-07.бр.4/23-8
     08.03.2023 год.
          В Е Л Е С

 

 
     Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/22, за вработување на судски службеници на неопределено време, за работно место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 2 (два) извршители, по доставениот Предлог на кандидат за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување  СУ-04.бр.30/23-5 од 07.03.2023 година, на ден 08.03.2023 година, ја донесе следната:
 
О  Д  Л  У  К  А
 
     За работно место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 2 (два) извршители,  се избираат кандидатите:
 
     ИВАНА ИГНАТОВСКА 
     ВЕРИЦА МИРЧЕВ
 
     За избраните кандидати ќе се донесат решенија за вработување. 
 
О б р а з л о ж е н и е
 
     Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден  27.12.2022 година, објавен е Јавен оглас бр.2/22 за вработување на  неопределено време на судски службеник за работно место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 2 (два) извршители.
 
    По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за  формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници, до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Судски референт-дактилограф 2 (два) извршители, СУ-04.бр.30/23-5 од 07.03.2023 година. 
 
   Со предлогот на кандидат за вработување, Комисијата за селекција за вработување ги предложи кандидати Ивана Игнатовска која по ранг листата има освоено  92 бода и Верица Мирчев која по ранг листата има освоено 84,54 бода, од сите фази на селекцијата, како единствени рангирани кандидати за секое работно место.
 
  Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување  СУ-04.бр.30/23-5 од 07.03.2023 година, за работното место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 2 (два) извршители, ги избира кандидатите Ивана Игнатовска и Верица Мирчев од Велес.
 
   Поради наведеното, согласно чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.

 

                                                                                                                                                      Судски администратор
                                                                                                                                                        Сузана Варналиева
 
 
 
 ПРАВНА ПОУКА:
      Против оваа одлука дозволена е жалба до Советот на судска служба.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_