Повторен оглас за избор на судии поротници [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Повторен оглас за избор на судии поротници

Новости  |  30.9.2016
                                                                                                                                                                                              СУ-04.бр.84-5/16
 
            Основен суд Велес, заради пополнување на утврдениот број на кандидати по објавениот оглас СУ-04.бр.84-3/16 од 30.08.2016 година за избор на 50 судии-поротници во Основен суд Велес, повторно го објавува следниот:
 
 
О Г Л А С
за избор на 50 судии-поротници во Основен суд Велес
 
 
I. Кандидатот за судија -поротник потребно е да ги исполнува условите предвидени во Законот за судовите (Сл.Весник на РМ.58/06, 35/08, 150/10) и тоа:
1.  да е полнолетен државјанин на Република Македонија
2.  да има завршено најмалку високо образование
3.  активно да го владее македонскиот јазик
4.  да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
5.  да не е постар од 64 години
6. да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија-поротник.
 
II. За судење на малолетници се избира кандидат од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите.
 
III. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.
 
IV. Заинтересираните кандидати пријавите со потребната документација (доказ за државјанство, уверение за неосудуваност и диплома за завршено образование) да ги достават до Комисијата преку архивата на судот, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.
 
V. Кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите од ст.I точка 1-5, ќе бидат упатени на полагање психолошки тест и тест за интегритет кои ќе ги спроведе Судскиот совет на Република Македонија. Трошоците за полагање ќе бидат на товар на кандидатот.
           
VI. Кандидатите кои имаат доставено пријава по објавениот оглас СУ-04.бр.84-3/16 од 30.08.2016 година, немаат обврска за повторно доставување на пријава по овој оглас.
 
        Основен суд Велес
 
 
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_