Соопштение од одржана работна средба со делегација на Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана работна средба со делегација на Правниот факултет Јустинијан Први од Скопје

Новости  |  18.5.2017

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 
 
            На ден 17.05.2017 година во Основен суд Велес беше одржана работна средба со делегација на Правниот факултет Јустинијан Први при Универзитетот Св.Кирил и Методиј од Скопје.
 
            На средбата се разгледаа можностите за стекнување на практични знаења на студентите на правни науки преку реализација на практична настава во судот, како и стекнување со приправнички стаж на дипломираните правници заради полагање на правосудниот испит. Во рамки на средбата беше презентирана работата на судот, просторните и технички капацитети за остварување на неговата надлежност, се разменија мислења од досегашните искуства и позитивни практики во спроведувањето на правната пракса во судот и се потенцираше потребата од инклузивност помеѓу високообразовниот процес и стекнувањето на практични искуства со цел создавање на квалитетни правни практичари.
 
            Во насока на продолжување и продлабочување на меѓусебната соработка, Претседателот на судот Александар Шопов и Деканот на Правниот фактултет Јустинијан Први Проф. Д-р. Горан Коевски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
 
               Со почит,
Основен суд Велес
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_