ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/22 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/22

Новости  |  16.9.2022
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС, врз основа на член 20, член 39 , член 40 став 1 и 2 од Законот за судска служба („Сл.весник на РСМ” бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/19, 248/2018), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РСМ“ бр.275/2020) и Правилник за внатрешна организација и систематизација на работните места во Основен суд Велес (Пречистен текст) СУ-04.бр.2/19 од 04.01.2019 година, по добиената согласност од Министерство за финансии бр.08-781/3 од 11.07.2022 година и Судски буџетски совет бр.08-718/6 од 07.09.2022 година, објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.1/22
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКИ СЛУЖБЕНИЦИ
 
Се објавува интерен оглас за унапредување на судски службеници за работно место:

 

1. Виш судски соработник ..................... 2 (два) извршители,

 

шифра на работното место СУД0101В02001

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
- стекнати 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правен факултет,
- положен правосуден испит,
- најмалку 2 години работно искуство во струката
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)
- активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

 

2. Самостоен судски референт-водител на писарница............1 (еден) извршител, 

 

шифра на работното место СУД0101Г01001
 
 
 
 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
 
- најмалку више или средно образование,
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)
- активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

 

 
3.Судски референт-дактилограф...................1 (еден) извршител,

 

шифра на работното место СУД0101Г03001

 

 
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
 
- најмалку више или средно образование,
- најмалку 1 година работно искуство во струката
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)
- активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење.

 

 

          На интерниот оглас може да се пријават судски службеници од Основен суд Велес кои ги исполнуваат

 

и следните услови:

 

- да е оценет со оцена „особено се истакнува“ или „се истакнува“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на работното место на кое е распореден и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Работно време: од понеделник до петок од 7.30 до 15.30 часот.
Работни часови неделно: 40.
        Платата (за образование, ниво и звање) за работното место под реден број 1 во нето износ изнесува 26.630,00 денари.
        Платата (за образование, ниво и звање) за работното место под реден број 2 во нето износ изнесува 19.174,00 денари.
        Платата (за образование, ниво и звање) за работното место под реден број 3 во нето износ изнесува 18.000,00 денари.
Кон пријавата кандидатите може да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран судски службеник)
       Рок за пријавување на огласот изнесува 7 (седум) дена од денот на објавување на огласот на веб страната на судот.
      Кандидатите пополнетата пријава со доказите за податоците содржани во пријавата, во хартиена форма ја доставуваат во приемната писарница на Основен суд Велес со назнака „за Интерен оглас“.
     Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
        Ненавремена, нецелосна и неуредна пријава, како и пријава во која кандидатот внел лажни податоци нема да се разгледува и кандидатот ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка.
 

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_