Одлука по јавен оглас бр.3/23 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука по јавен оглас бр.3/23

Известувања, Новости  |  22.1.2024
ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС 
   СУ-07.бр.79/23-5
     22.01.2024 год.
          В Е Л Е С
 
   Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.3/23, за вработување на судски службеник на неопределено време, за работно место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 1 (еден) извршител, по доставениот Предлог на кандидат за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување  СУ-04.бр.6/24-5 од 18.01.2024 година, на ден 22.01.2024 година, ја донесе следната:
 
О  Д  Л  У  К  А
 
   За работно место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 1 (еден) извршител,  се избира кандидатот:
 
     СЛОБОДАНКА АВРАМОВА 
 
   За избраниот кандидат ќе се донесе решение за вработување. 
 
 
О б р а з л о ж е н и е
 
   Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден  15.12.2023 година, објавен е Јавен оглас бр.3/23 за вработување на  неопределено време на судски службеник за работно место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 1 (еден) извршител.
   По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за  формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници, до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Судски референт-дактилограф 1 (еден) извршител, СУ-04.бр.6/24-5 од 18.01.2024 година. 
   Со предлогот на кандидат за вработување, Комисијата за селекција за вработување го предложи кандидатот Слободанка Аврамова, како единственин рангиран кандидат за работното место.
Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување  СУ-04.бр.6/24-5 од 18.01.2024 година, за работното место Судски референт-дактилограф категорија Г, ниво Г3, 1 (еден) извршител, го избира кандидатот Слободанка Аврамова од Велес.
   Поради наведеното, согласно чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.

 

 

 
                                                                                                                           Судски администратор
                                                                                                                              Сузана Варналиева

 

 
   ПРАВНА ПОУКА:
             Против оваа одлука дозволена е жалба до Советот на судска служба.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_