Јавен оглас бр.1/24 [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Јавен оглас бр.1/24

News  |  Jan 26, 2024

   Врз основа на член 18 став 1 алинеја 2 и став 6 од Законот за судска служба, а во врска со член 22 и член 23 од Законот за работни односи, В.Д. Претседателот на Основен суд Велес Биљана Јачева објавува:

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр.1/24

 

 

   За вработување на судски службеници на определено време до 31.12.2024 година за следните работни места:

 

   1. Судски референт - дактилограф 2 (два) извршители

   Посебни услови - потребни стручни квалификации и компетенции:

    - најмалку средно или вишо образование

    - најмалку една година работно искуство во струката

   -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

    Платата на судскиот службеник ќе изнесува 24.246,00 денари.

 

   2.Помлад судски референт - извршител во писарница 1 (еден) извршител

   Посебни услови -потребни стручни квалификации и компетенции:

   - најмалку средно или вишо образование

   - со или без работно искуство во струката

   - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

   Платата на судскиот службеник ќе изнесува 22.676,00 денари.

 

   3.Помлад судски референт - доставувач 1 (еден) извршител

   Посебни услови -потребни стручни квалификации и компетенции:

   - најмалку средно или вишо образование

   - со или без работно искуство во струката

   - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски).

   Платата на судскиот службеник ќе изнесува 22.676,00 денари.

 

   4.Покрај посебните услови, кандидатите за секое од работните места потребно е да ги исполнуваат и следните општи услови:

- да е државјанин на Република Северна Македонија

- активно да го користи македонскиот јазик,

      - да е полнолетен

- да има општа здравствена способност за работното место

    - со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

 

 

   4.Останати права и обврски за секое од работните места

   Работни часа : 40 неделно

   Работни денови : од понеделник до петок

   Работно време : од 07,30 до 15.30 часот

   Дневна пауза : од 11.00 до 11.30 часот

 

 

   Пријавата за вработување може да се подигне од приемна писарница во судот или од веб-страна на судот :www.osveles.mk.

 

   Пополнетата пријава со докази за исполнување на општите и посебни услови во оригинал или копија заверена на нотар, се доставуваат преку приемна писарница во судот или по пошта на адреса: Основен суд Велес, ул.„8-ми Септември„ бр.53 Велес, со назнака „За Јавен оглас бр.1/24“.

 

   Рокот за пријавување на огласот е 5 работни дена по денот на последното објавување во дневен весник (без да се смета денот на објавување).

 

   Ненавремена, нецелосна и неуредно пoполнета пријава, или пријава во која се внесени лажни податоци, нема да се разгледува.

 

   Изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 15 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

 

                                                                                                                                 ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_