Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Новости  |  25.10.2022
25 октомври – Европски ден на граѓанската правда - отворен ден за граѓаните
С О О П Ш Т Е Н И Е
 
        Денес во Основен суд Велес, со организирање на отворен ден за граѓаните, беше одбележан Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври.
 
     Во текот на отворениот ден судот го посетија ученици и професори од средните училишта во Општина Велес и претставници од медиумите.
 
  За време на посетата учениците имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и работата на судот, надлежноста во остварувањето на основните граѓанските слободи и права, како и со процедурите на управување со предметите во судот чија крајна цел е владеење на правото и ефикасна правда еднакво достапна на сите граѓани.
 
   На учениците од Средното економско училиште Јовче Тесличков од Велес им беше овозможено да присуствуваат на судење во кривична  постапка, а потоа и да земат  во улога на судија, судии-поротници, обвинител, оштетен, обвинет и бранител на обвинетиот во симулирано  судење од областа на „убиство„ кое го водеше судијата м-р.Габриела Гајдова Заменик претседател на судот и Претседател на Кривичниот оддел.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_