СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ И МЕДИУМИ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ И МЕДИУМИ

Соопштенија за јавност  |  16.9.2025
   Во врска со заинтересираноста на медиумите и барањето на информации во врска со трагичниот настан што се случи во Велес на ден 15.09.2025 година, Основен суд Велес го дава следното:
 
 
С О О П ШТ Е Н И Е
 
 
   Постапувајќи по Обвинителниот предлог со предлог за продолжување на мерки на претпазливост II.Ко.бр.94/25 од 10.04.2025 година на Основното јавно обвинителство од Велес, против обвинетиот И. С. од С., за кривично дело Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик и за кривично дело Насилство од чл.386 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, Основниот суд во Велес по завршувањето на главната расправа на ден 10.09.2025 година, донесе пресуда К.бр.123/25 од 10.09.2025 година со која обвинетиот И. С. од С. е огласен за виновен за кривично дело Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик и за кривично дело Насилство од чл.386 ст.3 в.в.ст.1 од Кривичниот законик и му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува единствена казна затвор во траење од 1 (една) година и 4 (четири) месеци и истовремено се определува дека утврдената единствена казна затвор нема да се извршува доколку обвинетиот во времето од 3(три) години од правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.
 
   Исто така, Основен суд Велес донесе и решение К.бр.123/25 од 10.09.2025 година со кое останува во сила мерката на претпазливост Забрана на приближување или воспос- тавување, односно одржување контакти или врски со лицата Р. К. и И. М. од В. согласно чл.146 ст.1 т.6 од Законот за кривична постапка и тоа се додека има потреба а најдолго до правосилноста на пресудата, а определените мерки на претпазливост Забрана на обвинетиот да го напушти живеалиштето односно престојувалиштето согласно чл.146 ст.1 т.1 од Законот за кривична постапка и Обврска обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во просториите на МВР СВР Скопје ПС Кисела Вода, еднаш во седмицата согласно чл.146 ст.1 т.2 од Законот за кривична постапка, се укинуваат по предлог на Јавниот обвинител и согласност на бранителот.
 
   Обвинението се однесува за кривично-правни настани случени на ден 20.02.2025 година и 3/4.03.2025 година во Велес, а во кои учесници се обвинетиот И. С. и оштетените Р. К. и И. М
 
 
 
 
                                                                                                                                        ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 

 

 

 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_