Одлука за избор по јавен оглас 2/21 за Помлад судски референт-извршител во писарница [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Одлука за избор по јавен оглас 2/21 за Помлад судски референт-извршител во писарница

Новости  |  11.2.2022
  ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС
   СУ-07.бр.83/21-8
     10.02.2022 год.
          В Е Л Е С         
                                   
            Судскиот администратор на Основен суд Велес Сузана Варналиева, врз основа на чл.36 од Законот за судска служба (Сл.весник бр.43/14) и чл.15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судска служба (Сл.весник бр.198/18) по спроведената постапка по објавениот Јавен оглас бр.2/21, за вработување на судски службеници на неопределено време, за работно место Помлад судски референт- извршител во писарница категорија Г, ниво Г4, 1 (еден) извршител, по доставениот Предлог на кандидат за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.10-1/22-4 од 31.01.2022 година и добиеното известување од Министерство за финансии СУ-04.бр.78/21-15 од 10.02.2022 год. дека согласноста за обезбедени финансиски средства за вработување бр.18-10215/2 од 03.12.2021 год. се прогласува за важечка во делот во кој не е реализирана и во 2022 година, на ден 10.02.2022 година, ја донесе следната:
 
О  Д  Л  У  К  А
 
            За работно место Помлад судски референт-извршител во писарница категорија Г, ниво Г4, 1 (еден) извршител,  се избира кандидатот:
 
                    ПАНЧЕ НИКОЛОВ
                       
            По конечноста на одлуката за избраниот кандидат ќе се донесе решение за вработување.
О б р а з л о ж е н и е
           
            Од страна на Основен суд Велес во дневните весници „Нова Македонија“ и „Лајм“, на ден  15.12.2021 година, објавен е Јавен оглас бр.2/21 за вработување на  неопределено време на судски службеник за работно место Помлад судски референт-извршител во писарница, категорија Г, ниво Г4, 1 (еден) извршител.
            По спроведената постапка за вработување од страна на Комисијата за селекција за вработување, согласно чл.35 ст.1 од Законот за судска служба и чл.20 од Правилникот за  формата и содржината на јавниот оглас, формата, содржината и начинот на поднесување на пријавата, на спроведување на административната селекција, на испитите, проверката на веродостојноста на доказите и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција во зависност од категориите на работните места, како и други прашања во врска со постапката за вработување на судски службеници од страна на Комисијата за селекција за вработување до Судскиот администратор доставен е Предлог на кандидат за вработување за работно место Помлад судски референт-извршител во писарница 1(еден) извршител, СУ-04.бр.10-1/22-4 од 31.01.2022 година.
            Со предлогот на кандидат за вработување, Комисијата за селекција за вработување го предложи најдобро рангираниот кандидат Панче Николов од Велес кој по ранг листата има освоено 70,71 бод од сите фази на селекцијата.
            Судскиот администратор имајќи го во предвид предлогот на Комисијата за селекција за вработување СУ-04.бр.10-1/22-4 од 31.01.2022 година, за работното место Помлад судски референт-извршител во писарница категорија Г, ниво Г4, 1(еден) извршител, го избира кандидатот Панче Николов од Велес.
            Поради наведеното, согласно чл.36 ст.1 од Законот за судска служба, следуваше да се одлучи како во изреката на одлуката.
 
                                                                     Судски администратор
                                                                              Сузана Варналиева
 
ПРАВНА ПОУКА:
                         Против оваа одлука кандидатот кој не е избран има право на жалба во
                         рок од 8 дена од приемот на одлуката, преку Основен суд Велес, до
                         Советот на судска служба.
 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_